April 18, 2024, 11:20 am

ДОСТА Е!: Груевски и народот бараат слобода за патриотите и родољубите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со сета осуда на насилството на поединци, со целосно сочувство кон оние кои беа физички нападнати или повредени, но земајќи ги во обзир грешните чекори на власта, ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија на учесниците од инцидентот од 27-ми април 2017-та година и почеток на периодот за национално помирувајќи. Затоа што овој реваншизам не не води никаде.  Доста е.

Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешниот марш за правдата и Татковината на кој присуствуваа околу 10.000 членови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владо Јовановски, Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Митко Чавков, неговите колеги и многу други граѓани НЕ се терористи.  НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување. Шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата НЕ се терористи. Тоа е лажно обвинување, тоа е неправда. Тие само беа на своето работно место во Парламентот и никого ниту убија, ниту повредија. Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно притворените. Потребно е национално помирување, потребно е да се запре со неправдите, да запрат политичките прогони. Да запрат хајките и местенките, притисоците и заплашувањата. Да запрат неправдите во Македонија, порача Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на Македонија и требаат реформи, влез во НАТО и ЕУ, напредок, инвестиции, нови работни места и пред се правда.

-На Македонија не и треба реваншизам и неправди. Народот бара подобар живот, повисок стандард, повисоки пензии, плати…. порача Груевски.

Оваа влада втерува страв кај луѓето, кај граѓаните на Македонија. Ви благодарам што дојдовте заеднички да го искажеме незадоволството од неправдите во Македонија, неправдите од новата власт која половина година дивее и нанесува многу неправди насекаде и многу штета, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пред насобраниот народ на вечерашниот протест, односно маршот за правдината и татковината.

-Оваа марионетска влада дојде на власт, не вадејќи го зборот правда од уста, а еве 6 месеци сите ние- Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите, Власите, сите граѓани на Македонија, секојдневно гледаме многу неправди, кои болат, фрустрираат, кои создаваат бес, незадоволство, но и многу штети. Иако се ангажираше цела армија на платени луѓе од народни пари, секојдневно преку медиумите или социјалните мрежи да ги оправдуваат чекорите на оваа марионетска власт, иако Зоран Заев назначи и министер за пропаганда, иако медиумите се под силна закана и најголем дел од нив замолкнати за давање на критика, сепак за неправидите се говори секјдневно, бидејќи се чувствуваат секојдневно, рече Груевски и додаде:

„Ние од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата можеби сме најмногу изложени на неправдите од оваа влас, но не се поштени ни многу други граѓани, а најмногу штета има државата, нашата заедничка Република Македонија. Ветуваа правда, а сега имаме реваншизам и тонење на економијата, на општеството, на моралните вредности. Сите тие неправди сакаа да ги одалечат од мислите на народот, со одвлекување на вниманието на истиот, со црнење на опозицијата, измислување спинови и афери, лаги и конструкции, верувајќи дека така може да го истераат целиот мандат“.

Неправдата, вели Груевски, се чувствува на секој чекор, а селективната правда е исто така неправда и создава револт.

-Зборуваат за правда, а неправда на секој чекор. Заробената држава ја крши храброста на луѓето, а стравот станува секојдневие. Луѓето се исплашени, уценети, го потиснуваат своето мислење, затоа што во Македонија почнува да се казнува слободната мисла, а на љубовта кон татковината се гледа како грев за кој почна да се оди и во затвор. Животот никаде го нема, а неправдата и прогонот стануваат име и презиме во секоја област.

 

 

 

Тој рече дека со зголемувањето на акцизите за нафта кое го направи новата Влада, на секое семејство на годишно ниво ќе му се одзема по една просечна плата. Ова не го најавија пред изборите во декември минатата година.

-Ова е директен удар и за градежништвото  кое тоне, за такси превозниците, за автобуските компании, за обичниот  човек. Неправда е што најавуваат и зголемување на персоналниот данок на доход, на данокот на добивка, на ДДВ. Нешто што исто така не го најавија пред изборите во декември. Тоа ќе го плаќаат граѓаните. Еве поминаа шест полни месеци, пола година, а една нова странска инвестиција нема. Се откажаа од разговори за инвестирање со 60-тина компании и над 25000 работни места кои владата на ВМРО им ги остави во наследство. Единствено деновиве се пофалија со една странска турска компанија, но и таа не е од нивно време. Со нив водеше разговори Виктор Мизо и веќе беше направена резервација на две локации во ТИРЗ-Скопје2, во време кога ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја водеа Владата. Неправда е тоа што ги исполажаа вработените на ФЕНИ кој оди во стечај, вработените на Колска и на Еурокомпозит за кои ветените пари за плати пред изборите во декември ги нема. Неправда е тоа што го задолжуваат секој еден граѓанин, долгот со девизните резерви за 6 месеци се зголеми за нови 750 милиони евра од кои начнаа дури 230 милиони евра од девизните резерви. НБРМ констатираше дека во третиот квартал, не само што нема нови, странски директни инвестиции, туку дека и постојните добивката ја изнесуваат од Македонија. Така се забележува одлив од преку 50 милиони евра само во еден квартал, а за наредната година ќе се задолжува владата со нови 900 милиони евра, рече Груевски.

Тој кажа дека неправда е што СДСМ лажеле дека во време на ВМРО-ДПМНЕ од државата биле иселени 600.000 луѓе, но и дека неправда е што ветувале дека истите ќе ги врателе.

-За шест месеци не само што не се врати никој, туку гледаме како незадоволни од хунтата на власт, постојано се иселуваат пријатели, познаници, цели семејства. Неправда е што промовираа национална стратегија за населување на десетици илјади мигранти од Африка и Блискиот Исток, а сега спроведуваат и кампања истите да се населат додека домашните губат работа и осиромашуваат, додека илјадници граѓани на Македонија немаат работа, изјави Груевски пред насобраните граѓани.

Тој кажа дека неправда е што младите се заборавени, што се заборавени студентските домови кои власта на ВМРО-ДПМНЕ предвидела да ги гради и реновира, ниту пак биле предвидени пари за проектите кои ги ветиле токму тие, како младинската гаранција, кажа Груевски.

-Неправда е и укинатото екстерно за кое ветија дека ќе понудат алтернатива, дека ќе понудат подобро решение, од кое нема ни трага ни глас. Екстерното тестирање беше стигматизирано и злоупотребувано, а носеше стандарди кои веќе ги нема и пак доаѓа време кога може сите ученици да се со сите петки без реална основа. Укината е и Кембриџ програмата, а први на удар беа дисперзираните студии. Ветуваа дебати, а носат законски решенија без ниту една дебата, а во поретки случаи се прават фингирани дебати, изјави Груевски.

Тој напомена дека донеле план „3-6-9“ само пред камерите, но без суштина, како што кажа Груевски поминале шест месеци но нема ниту НАТО, ниту ЕУ.

-Неправда е пред изборите да ветуваат брзо членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, а сега да ни зборат дека ќе ја симнат условеноста на препораката, која настана поради политичката хајка и политичката криза создадена токму од нив, изјави Груевски.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This