ДРАМА КАЈ ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Две вооружени и маскирани лица пукале пред затворот Идризово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две вооружени маскирани лица синоќа нешто по 21 часот пукале во воздух и се обиделе да влезат во женскиот дел во затворот во Идризово. Информацијата за МКД.мк  ја потврди и директорот на затворот, Ќерим Махмути. Директорот демантира дека се работи за обид за бегство и вели дека состојбата во затворот е под контрола. По двете лица се трага.

 

-Точно е дека имаше пукање. Две лица од задната страна на затворот, преку нивите се обиделе да се доближат во женскиот дел на затворот. Но, чуварите веднаш интервенерале. Двете лица испукале еден куршум во воздух и никој не е повреден. По настанот двјцата побегнале. Не се работи за обид за бегство и состојбата овде во затворот е мирна , изјави за МКД.мк директорот на Идризово Махмути.

Тој додава дека инцидентот е пријавен во МВР и истрагата ќе треба да покаже кој и зошто со оружје во раце се обидел да влезе во затворот и дали требало на некој осуденик или осуденичка да му се побегне во обид за бегство.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This