April 18, 2024, 12:39 pm

ДРЖАВА ЌЕ ДОБИЕТЕ, НО ДАЛИ ЌЕ ЈА СОЧУВАТЕ: Има ли спас за Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

dusan_prorokovikКолку пати за време за претседателската кампања беше споменато „македонското сценарио“? Највеќе тоа го правеше Александар Вучиќ, најавувајќи дека „ќе спречи да дојде до тоа“. Но, всушност тешко е да се објасни што стои позади оваа формулација. Ако Вучиќ мислеше на фактот дека опозициската коалиција финансирана однадвор, како и дека надворешните фактори кои претерано се мешаат во внатрешните работи, тогаш тоа не е специфичност само за Македонија, туку за секоја централно источна држава во Европа.

Ситуацијата во Македонија е многу сложена, едноставно е тешко да се објасни. Донекаде е неопходно да се има предзнаење со цел правилно да се согледаат одредени процеси во оваа земја. Поради се, јас изразот „македонско сценарио“ не би го поврзал со уличните протести, Соросовите фондации, албанските барања или притисоците на ЕУ, што најчесто е впечаток во јавноста, туку со трагичното политичко талкање на еден народ.

Своевремено, на почетокот на деведесетите години, кога Македонците решија да ја напуштат СФРЈ, заедно со Словенците, Хрватите и муслиманите од БиХ, Киро Глигоров на Дедиње последен пат службено се сретна со Слободан Милошевиќ.

Глигоров тогаш рекол:
„Сега ни е приликата да добиеме македонска држава, и кој знае дали во иднина ќе ја има повторно.“

Според сведочењето на еден од учесниците на овој разговор, Милошевиќ покрај се што му рекол претседателот на Македонија реагирал смирено и сталожено, такво нешто во оваа прилика и очекувал, но не му било драго:

На крајот заклучил: „Вие Киро, држава ќе добиете, но не знам дали можете да ја сочувате?“

Дел од Македонските политичари, запознаени со разговорот и ставовите, на Милошевиќ му препишуваа за неговите зли намери кон Македонија. Можеби било и така, но овој заклучок во текот на 2001.ва година кога локалните вооружени формации на тетовските Албанци го започнаа своето востание, за потоа да го продолжат ОНА, па АНА – паравојски со единствена команда, систем на субординација, и поддршка на разни политички структури.

Беа тоа први наговестувања дека Македонија нема да може да се сочува. И тие следеа по лоцирањето на НАТО на Косово. Влезот на НАТО и формирањето на етнички чиста структура на Приштина (Србите таму служат како украс) македонското прашање е ставено во сосема нова геополитичка рамка. Србија, од која дел од скопската граѓанска елита „највеќе се плаши“ (тоа се оние луѓе кои мислат дека ќе станат поцивилизирани ако ја повторат секоја глупост која ќе ја изговори Хилари Клинтон) „отпадна од игра“, нејзиното влијание на случувањата во Скопје стана скромно, речиси никакво. Така е оставен широк простор за Албанците, кои одлично го искористија. Со помош на НАТО, секако.

Бидејќи, зошто НАТО да игра на Македонците? Тоа е мал народ, соочен со негативна демографска тенденција, без никаква државотворна традиција, поделен по многу идентитетски пршања и вредносни судови. Од агол на интересите на големите сили и нивната геополитика, работите се едноставни: дали работата во некој регион ќе им ја завршат пет милиони хомогени и осоколени Албанци или милион збунети и депресивни Македонци?

За ова беа свесни и многу македонски политичари, па се обидоа на секој начин да се умилкуваат на западните центри на моќ. Се согласија со се што ЕУ и НАТО бараа. Дури и неформална (кон)федерација на земјата со потпишување на Охридскиот рамковен договор.

– И што се случи сега?

Албанците бараат повеќе и преку тоа. Во оваа (кон)федерација да се утврди специјален статус за нив и да се легализираат посебни односи со Албанија. Доколку дојде до тоа, за 20 години веќе нема да се зборува за поделба на земјата (како што се зборува денес) туку цела Македонија ќе потпадне под суштинска контрола на Албанија.

Македонците ќе станат политичко малцинство во сопствената земја. Тоа е „македонското сценарио“. Кога ќе прифатиш се што од тебе бараат и така за неколку години ќе го изгубиш она што си го чекал со векови. Одраз на наивност и паланечки поглед на политиката. Мислење дека без борба може да се сочува стекнатото. И доброволно препуштање на сопствената судбина во туѓи раце.

 

Душан Пророковиќ
Центар за стратешка алтернатива

 

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This