ДРУГАРКАТА НА ЗОРИЦА ЗАЕВА, ДИРЕКТОР НА ГИНЕКОЛОГИЈА: Таравари ја потврди желбата на Зорица – сончоглед директорката куртули!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таравари не издржа и потклекна под протисокот на кланот Заеви, блиската пријателка на Зорица Заева, Викторија Јовановска, да застане на чело на Клиниката за гинекологија и акушетство во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пишува Република.

Иако смената на директорската позиција на Гинеколошко акушерската клиника беше најавувана уште пред повеќе од еден месец, Клиниката долго остана без нов директор, а причина за одолговлекувањето, како што тврдат извори на „Република“, е токму инсистирањето на кланот Заеви на позицијата да биде поставена довчерашната вмровка, д-р Викторија Јовановска, која е блиска пријателка на сопругата на Зоран Заев.

-Најголем револт за поставувањето на Јовановска има меѓу членството на СДС од каде не можат да се изначудат како партијата нема подобар кадар за директор од довчерашната силна поддржувачка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. За неа меѓу колегите на ГАК дури се вртат и снимки од партиски собир во Струмица, каде што во први редови му аплаудира на лидерот Груевски, пишува порталот.

ЗАЕВ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА ГАК САКА ДА ЈА ПОСТАВИ БЛИСКАТА ПРИЈАТЕЛКА НА НЕГОВАТА СОПРУГА: Довчерашна вмровка, со нестручност и неморални и неетичките капацитети

На владина седница доцна синоќа, околу 1 часот, е донесена одлука за разрешување на повеќе директори на скопските клиники и здравствените домови низ државата.


Иако министерот за здравство Арбен Таравари најавуваше дека нови кадри ќе бидат пред сѐ стручни и професионални во својата работа, досега тоа не се случи, напротив, на чело на клиниките, на местото на врвни професионалци се поставени анонимни партиски војници, пишува порталот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This