April 23, 2024, 10:13 pm

ДУИ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ: Рамиз Мерко не се снаоѓа како министер за привлекување на инвестиции па влегува во трка за Струга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централното претседателство на ДУИ ги утврди кандидатите за градоначалници во општините каде оваа партија ќе учествува на претстојните локални избори на 15 октомври.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, повторно ќе се кандидира, а во трка за втор мандат е и актуелниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.

Градоначалниците на Дебар, Ружди Лата, како и на Кичево, Фатмир Дехари, исто така ќе се кандидираат за втор мандат.

Кандидат за градоначалник на Струга ќе биде Рамиз Мерко, а на Сарај – Блерим Беџети.

Од партијата информираат дека кандидати за градоначалници избрале и за општините Арачиново, Желино, Теарце, Сарај, Липково, Чаир, Шуто Оризари, Студеничани, Боговиње, Врапчиште, Пласница, Долнени.

ДУИ, за општина Брвеница, нема да номинира свој кандидат, туку ќе ја поддржи независната кандидатура на актуелниот градоначалник, Енвер Пајазити.

За Битола, Охрид и за Гази Баба, ДУИ ќе учествува со заеднички листи за советници со политички партии од албанскиот блок.

Портпаролот на централниот изборен штаб на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека изборите на 15 октомври се многу значајни, бидејќи граѓаните на нив непосредно избираат своите претставници кои треба потоа да најдат решенија за нивните секојдневни потреби.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This