ДУИ ОЧЕКУВА ВМРО-ДПМНЕ ДА ГЛАСА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Артан Груби смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа „за“ двојазичност бидејќи е коавтор на законот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби денеска повтори дека законот за јазиците оваа недела треба да се донесе и вели дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да гласа „за“.

–Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот за јазиците во Собрание, бидејќи тие, заедно со нас и со СДСМ се коавтори на законот и потписници на Рамковниот договор. Со гласањето ‘за’ законот ќе го покажат новото лице на ВМРО-ДПМНЕ, посебно во однос на албанската заедница, но и кон меѓународната заедница.

Ова им е прва и одлична шанса да покажат дека си ги надминале предрасудите и дека прераснуваат од архаично-конзервативна партија во модерна десничарска граѓанска опција. Сѐ друго би било груевизам, изјави Груби за МКД.мк.

Груби вчера на средбата со амбасадорот на Италија, Карло Ромео, рече дека ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од законот за јазиците и затоа дојде време деновиве да се затвори ова прашање со што успешно ќе се заокружи нормативниот дел на Рамковниот договор.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This