March 19, 2024, 10:50 am

ДУИ ЌЕ ЈА МЕНУВА „ЛЕНТАТА“: По донесувањето на законот за јазичност, ДУИ најави нова политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централното Претседателство на ДУИ, едногласно го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, кој се изгласа вчера во Собранието, што го симболизира заклучувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор и воедно едно важно поглавје на нашата колективна активност, соопштија од Мала Речица каде заседава највисокиот партиски орган.

Во првиот дел од состанокот на ЦП лидерот на ДУИ, Али Ахмети направил рекапитулар на дејствувањето и сработеното на партијата во изминативе 17 години.

-Ахмети го заокружи првото поглавје на политичката активност на ДУИ сеќавајќи се на капиталните прашања во овие 17 години истакнувајќи дека од овој состанок треба да се изгради иднината на ДУИ, соопшти партијата.

Ахмети истакнал дека ДУИ досега победила во сите изборни процеси,парламентарни, локални, претседателски и референдум и дека партијата организирала четир конгреси.

Како главни достигнувања во изминатите 17 години Ахмети ги посочува уставните промени во согласност со Охридскиот договор, територијална поделба, законот за национални симболи, целосна официјална употреба на албанскиот јазик, правична и соодветна застапеност во државните институции, заокружување на инфраструктурата во високото образование со легализација на ДУТ, отворање на нови Универзитети, студентски домови, нови спортски сали.

Потоа, основањето на албанскиот државен универзитет во Скопје, како и многу училишта, детски градинки, спортски сали, изградба на слободни економски зони во Струга, Кичево, Тетово, Скопје, Липково, добивање кандидатски статус за членство во ЕУ, визната либерализација со земјите на ЕУ, отворањето на пристапните преговори со ЕУ, затворање на договорот со Бугарија за добрососедство.

На листата на успеси на ДУИ, според Ахмети се и почеток на гасификација на Скопје, Тетово и Гостивар, изградба на многу патишта и автопати Кичево – Струга, енергетски врски со Албанија, преминувањето на границата со Косово и Албанија без пасош, демаркација на граничната линија со Косово, признавање на независноста на Косово, заеднички владини состаноци со Косово и Албанија, плоштадите Скендербег, Илирија, плоштад на знамето, споменици на Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери, Неџат Аголи, Пјетр Богдани во Скопје.

Ахмети го споменува и обележување на 100-годишнината од азбуката, 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза и 100-годишнината од Албанското знаме, албанскиот театар во Скопје, библиотеката и театарот во Тетово, Музејот во Битола и Музејот на слободата, Меморијалниот центар Албанска мајка во Зајаз, водоснабдување во албанските населби, ургентниот центар во Тетово и болнички центри, земјоделски субвенции, образовни стипендии и безброј други проекти.

Лидерот на партијата потенцира дека пред ДУИ е предизвикот за реформитете на владеењето на правото и спорот со името како предуслов за членство во НАТО и ЕУ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This