ЕВН ТРЕБА ДА ОДГОВАРА: Ниту ЕВН работи согласно закон, ниту пак има оправдување за високите сметки за граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕВН не ја врши својата работа онака како што со закон им е пропишано, и согласно интересите на нивните корисници. Постојано некаде нема елекетрична енерегија, пред се заради дефект кој ЕВН не го решава, а никој не чул дека ЕВН поради тоа некому надоместила штета, намалиле сметка или барем јавно се извиниле. Можат во ЕВН колку сакаат да плаќаат реклами по медиуми за да не објавуват вести за дефекти и поплаки од корисници и граѓани но, сите гледаме, ЕВН не ја врши својата работа, а државата молчи. Зошто, и по која цена?

Жителите на Лисиче и Ново Лисиче се жалат на проблеми со електричната енергија. Околу еденипол час тие немаат струја.

-Некаде после 14 часот и 30 минути снемавме струја. Се случи на моменти да добиеме, но за кратко време снемувавме – велат жителите на скопските населби.

Дел од граѓаните се жалат дека од постојаните прекини дошло до прегорување на електричните апарати. Тие прашуваат како да функционираат без струја среде зима со деца и повозрасни луѓе.

–ЕВН, ич да не ви е гајле што во Лисиче има мали деца, повозрасни луѓе и болни. Ви се погоди уклучи, исклучи струја денеска. Ако не па, да се тешиме дека супер што е и зимава “блага” – коментираат на фејсбук гражани кои живеат во овие населби.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This