ЕВРОПА ИСТУРИ МАСЛО НА ОГНОТ: Албанија пред нови масовни протести и судири кои може да се прелeaт и во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е исклучено во Албанија да се уфрлат фактори од Косово или Македонија, ако протестите на опозицијата станат сериозни. Рама ги задолжи и со приказните за „голема Албанија“

Недостатокот на името на Албанија во Стратегијата за придружување на Западен Балкан во ЕУ која ја изнесе Европската комисија денес во Стразбур, на албанскиот премиер Еди Рама му фрли сол на веќе отворената рана.

Медиумите во Тирана кои се против Рама, а со опозицијата, таквиот однос на ЕУ кон Тирана едвај го дочекаа. Ривалите на власта веќе порачаа дека Раама би требало да си поднесе оставка. Опозицијата најавува нови протести, овој пат уште пожешки од оние кои се одржаа на 27.јануари.

Доколку политичката ситуација во Албанија се заостри, се отвара прашањето дали таа криза ќе се пренесе и на регионот, посебно во деловите во кои живеат Албанци. Упатените во политичките прилики во Тирана велат дека Албанија повторно е пред голем судир, и дека, освен тоа што е во „прегратка на нарко мафијата“, ситуацијата е уште посожена, бидејќи се пробуди и „големоалбанскиот“ национализам, кој би можел да додаде масло на огнот.

Политикологот Неџмедин Спахију од Косово, кој своевремено предаваше на Универзитетот во Тирана, смета дека сценариото за „прелевање на можните нереди“ од Албанија во регионот се невозможни. Од друга страна, Дејан Мировиќ, професор по меѓународно право, таа можност ја поставува како реална.

Спахију тврди дека Рама, пред се, нема никаква моќ меѓу Албанците во регионот, со самото тоа нема ни улога на лидер на своите сонародници која му се препишува.

„Пред се, не мислам дека владата на Еди Рама е во опасност, но имаше криза со министрите кои се поврзани со дрога. Овој нов проблем (во врска со приемот во ЕУ) може одново да ја раздрма власта, но не мислам дека ќе биде срушена“, вели Спахију.

Сериозни немири во Албанија, според зборовите на соговорникот, можеби се возможни, но тој не мисли дека истите би можеле да се прелеат и надвор од границите на Албанија. Иако Спахију тврди дека Рама нема влијане во регионот како што се претставува, фактот е дека тој не е мал, пред се кога станува збор за делот на албанските лидери во Македонија, но и кај оние на Косово.

Упатените во ситуацијата велат дека е многу возможно да се случи некој од регионот да му скокне на помош на Рама. Бидејќи за тоа би имале интерес оние кои им одговара идејата за „голема Албанија“ за која и Рама повеќе пати зборуваше, додуша во завиена форма „под капата на ЕУ“.

„Со други зборови, не е исклучено во Албанија да се уфрлат фактори од Косово или Македонија, ако протестите на опозицијата станат сериозни. Рама ги задолжи и Албанците на Косово, и Албанците во Македонија, така да лесно може да се случи оваа стиуација Рама да ја сврти во своја корист и на улиците на Тирана да извади `своја опозиција`“.

„Од друга страна, можно е и да се организираат некои инциденти на териториите на кои живеат Албанците“, вели соговорникот на Спутник од безбедносните структури кој сакал да остане анонимен.

Дејан Мировиќ потсетува дека Албанија од рушевината во текот на деведесетите од периодот на Сали Бериша сеуште до крај се нема опоравено. Во таа смисла, Мировиќ вели дека нема големи разлики меѓу позицијата на Албанија и Косово, бидејќи и едните и другите се контролирани од странците. На прашањето дали она што се случува во Албанија може да излезе од рамките на државата, Мировиќ вели:

„Тоа зависи од странците. Ако странците сакаат нестабилност ќе биде така и во Албанија и во регионот. Еди Рама, по мое мислење, не е лидер на Албанците во регионт, туку марионета на странските сили, која не е во состојба да обезбеди основна стабилност ниту во својата држава“.

Во секој случај, Рама повеќе ја нема поддршката од најголемата албанска дијаспора, онаа од Америка, но ја има од страна на официјален Вашингтон и Британија. Во тој контекст треба да се чита и самодовербата на Рама дека ќе остане на власт, бидејќи тој и неговата Влада повлекуваат потези кои во регионот им одговараат само на овие сили.

Така Тирана позитивно се огласи по прашањето на идејата Грција да го признае Косово, но исто така и „пропушти одново да го потпише договорот со Атина од 1996. година кој истече на 31. јануари, а со кој се регулира прашањето на Чемерија, област во Грција која ја насеулваат Албанци. На нему му се препишува и успехот во Македонија, а овој договор со Грција се смета за потег кој од Рама го барала Америка за полесно да ја манипулира Грција“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This