ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГО ПОДДРЖУВААТ ЗАЕВ ТВРДАТ: Македонија е српска конструкција, македонско малцинство во Бугарија не постои!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски излезе со нова провокација во која тврди дека Македонија била српска конструкција, а македонско малцинство во Бугарија не постоело, бидејќи и воопшто го немало како нација.

На новинарско прашање како ја коментирате средбата помеѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Џамбаски рече:

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Не дека не звучи хиперболично не дека не звучи патетично. Но мојата претпоставка ако се исполнат работите за кои се зборуваше денес таа средба ќе биде запаметена во историјата како историска средба. Десет години во Македонија владее една влада, кое формално беше производство на ВМРО-ДПМНЕ и тоа всушност беше една антибугарско, просрпско влада која правеше се што е можно да го затвори патот кон Бугарија. Сегашната волја изразена од господин Заев е нешто сосем различно и пак ќе кажам ако тие убави работи за кои што се зборуваше денес се случат, ќе ја запаметите вие медиумите таа средба како историска.

 

[/kopa_block_quote] На новинарско прашање дека Зоран Заев го затвора поглавјето на национализмот и омразата и се обраќа кон Европа, можно ли е тие зборови да направат уште еден конфликт во Македонија?, Џамбаски изјави:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Да ви кажам искрено за македонски национализам е многу смешно да се зборува. Тука зборуваме за една лажна српска конструкција измислена од комитерната од 1944 година кога се измисли една невидено голема нација која почна да измислува лажна историја, лажни херои, крадејќи ги бугарската национални херои. Така да нормално е таа страница да биде затворена затоа што тоа е еден луна парк, или е еден дизниленд. Ако го погледнете Скопје и видите во што го претворија, инаку најубав град ќе сфатите дека се работи за некој тешко луд човек. Така да можно е да се тргне по тој пат и тоа е многу просто треба да се решат неколку нешта прво треба да има договор за добрососедство кое ќе ја гарантира и декларира територијалното уважување за почитување на правата и на законските интереси на огромната Бугарска заедница во Македонија. Не поставување на провокативни прашања кон Софија и Бугарија од некои измислени малцинства кои се категорично населени на наша територија а нема ни како да се таму а и не постојат како нација воопшто, запирање на омразата, промена на учебниците по историја. Тоа ќе биде тежок и долг пат. Тоа нема да биде од денеска за утре и еден нормален процес. Но фактот е чим има волја има и начин.[/kopa_block_quote]

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This