ЕГЗОДУС НА МЛАДИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА: За само 100 дена, преку 20.000 млади луѓе си отишле од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во неговата програма „План за живот во Македонија“, гордо најавуваше дека ќе ги врател младите кои се  иселиле од државата назад во Македонија, но како и што е случајот со најголемиот дел од неговите ветување и ова е далеку од исполнување. Така барем покажуваат моменталните податоци и бројот на младите кои се иселиле од државата во последните три месеци, откако на власт е СДСМ. Досега новата Влада нема реализирано ниту еден проект за младите, што како што велат самите млади е поразително за една држава.

Според податоците во минативе три месеци, период во кој на власт е СДСМ од Република Македонија се иселиле 20.000 млади лица. Експертите велат дека со моменталните политики на новата власт нивниот број само ќе расте, бидејќи не гледаат начин како младите би се мотивирале да останат во државата.

Пред скоро една година Шеќеринска гордо се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.

-Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од сѐ е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови, изјави лани во ноември Шекеринска.

Пред две години пак премиерот Заев, за чие владеење од само три месеци како што веќе пишавме се отселиле 20.000 млади луѓе, оние кои треба да бидат двигатели на општеството, пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата.

-Се повеќе луѓе сфаќаат дека е факт дека најголемиот дел од популацијата на Земјата е контролирана од 1 процент од луѓе кои се наоѓаат на врвот, но многумина не знаат ништо за нивната банкарска фирма во која се кријат, изјави Заев во октомври 2015 година.

СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се она што го излажа пред изборите и им го сврте грбот на младите.  СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.

Младите велат дека се чувствуваат изневерени и разочарани од лагите кои ги слушале од Зоран Заев, Шеќеринска и СДСМ, кои цело време го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека работи против младите, а како што самите млади велат, во периодот на ВМРО-ДПМНЕ за младите било направено, многу повеќе од било кога. Младите добија многу поволности, како што се бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите и средношколците, бесплатна посета на театри, на музеи, како и на многу други културни настани. Еден од најголемите проекти за младите беше и ослободувањето на фирмите од плаќање придонеси за лица до 29 години, со што младите многу полесно доѓаа до работно место.

Заменикот на Зоран Заев во партијата и сега министер за одбрана во Владата на СДСМ, Радмила Шеќеринска лажно ветуваше и младинска гаранција за граѓаните, која младите се уште ја чекаат, но новата власт заборави на ова веднаш откако седнаа во фотелјите, а младите се плашат дека ова ќе биде само уште една од многуте лаги искажани од Шеќеринска и Заев.

-Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање, пред изборите лажно ветуваше Шеќеринска.

Младите се разочарани и од односот на оние кои треба да бидат нивни претсавници и да ги штитат нивните права, а во минативе 3 месеци ги нема никаде. Голем дел од нив коментираат дека Стефан Богоев, кој сам се претставува како другар на сите млади, дека другарот ги напуштил за да си стане градоначалник, тие се разочарани и што гласните за време на Шарената револуција Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ сега ги нема никаде и молчат за сите лоши политики на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Влата која ветуваше брда и долини за младите, сега одбива закони за подобрување на нивниот живот. Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а го одби СДСМ, предвидува редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, а кои за прв пат се запишуваат во трета и четврта година на студии на високо образовните установи во Република Македонија да добијат бесплатни компјутери.

– Дополнително бонови-ваучери во овој закон е предвидено да им бидат доделени на сите студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби а се запишани во било која година на студии на високо образовните установи во Република Македонија. Ова предвидува еден вид на продолжување на проектите кои ги спроведуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во насока на подобрување на животот на студентите и младите во Република Македонија. Преку проектите за издавање на бесплатни ваучери кои беа спроведени од ВМРО-ДПМНЕ, 5.243 студенти им беше овозможено да земат бесплатни таблет компјутери, додека пак 28.319 студенти добија ваучери за набавка на персонален компјутер, истакна Владимир Нелоски, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС ветија проект дека по завршувањето на образованието секој млад човек од државата ќе биде вработен, ќе има шанса да го продолжи образованието или пак да оди на дообучување. Поминаа повеќе од 100 дена, ништо од ова, изјави на прес конференција Филип Ѓеорѓиев од ВМРО ДПМНЕ.

-Овој проект насловен како младинска гаранција, се изгуби во приоритетните вработувања на луѓето од Шарената револуција. Наместо вработување на секој млад човек или шанса за дообразување и дообучување, младите имаа можност да видат дека сето тоа е лага и наместо нив се вработија твитерџии блиски до СДС, членови на Шарена Револуција, членови на Сорос. Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев најмногу им ветуваа на младите пред изборите. Односно, најмногу ги лажеа младите и ги извисија, истакна Ѓорѓиев.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This