ЕГИПЕТ МИСЛИ НА СОПСТВЕНИТЕ ИНТЕРЕСИ: 7 милијарди долари вреден договор доби Египет од Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Египет одобри договор вреден 7 милијарди долари за руската индустриска зона во близина на Суецкиот канал

Индустриската зона е клучен проект за Москва во Египет, кој ќе ги подобри билатералните економски односи и е дел од поголемата стратегија на руското министерство за трговија.

Египетската влада ја одобри изградбата на руската индустриска зона во Порт Саид, пристаниште кое се наоѓа во близина на Суецкиот канал, објави новинската агенција МЕНА. Вкупниот износ на инвестиции во проектот се очекува да достигне 7 милијарди долари.

Во текот на раните фази на разговори за проектот меѓу рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров и египетскиот министер за воена индустрија Мохамед ел Асар, руската страна истакна дека клучната улога на проектот се билатералните економски односи меѓу двете земји.

Официјален претставник од руското Министерство за индустрија и трговија неодамна објави дека Русија планира да создаде слични индустриски зони ширум светот, покривајќи ги најпросперитетните регионални пазари. Министерството во моментов разговара за создавањето на слична индустриска зона во Уругвај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This