April 16, 2024, 10:05 pm

ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПОВРЕДЕН ВО НАПАДОТ ВО БАРСЕЛОНА:Се здобило со скршеница на зглобот на ногата, вон животна опасност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашниот терористички напад во Барцелона повреден е еден повреден македонски државјанин и тој е вон животна опасност.

Македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека во “комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона”.

“Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Лицето се наоѓа вон животна опасност и е третирано од страна на шпанските медицински служби.

Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин”, соопштува МНР.

Од Министерството информираат дека ова се важни телефони кои можат да им бидат од корист на граѓаните:

00 34 620 126 308 – број на претставник на македонска амбасада во Шпанија

00 34 932 142 124 – број од шпанските институции за информации за засегнати роднини / пријатели.

Во текот на вчерашниот напад загинаа 12 лица а над 100 се повредни од кои голем број потешко. Шпанските власти соопштија дека во нападот загинале или се повредени државјани на 18 земји. Плоштадот Лас Рамблас во Барцелона е едно од најтуристичките места во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This