ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ ИДЕНТИФИКУВАН ОД ОЧЕВИДЦИ: Активист на СДС со шипка и секира го нападнал градоначалникот Елвис Бајрам?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна попладнево во скопската населба Шуто Оризари беше нападнат градоначалникот на општината Елвис Бајрам, од страна на активисти на СДС како што изјави шефот на неговиот изборен кабинет, а беше потврдено и од пратеникот Амди Бајрам, инаку татко на градоанчалникот

Според изјавата на шефот на изборниот кабинет на Елвис Бајрам, се работи за лица активисти на СДС, кои излегле од штабот на партијата и со секири и шипки физички ги нападнале, по што градоначалникот паднал во бесознание и бил префрлен на ургентниот центар во општата болница 8-Септември.

Очевидци на настанот до нашата редакција испратија фотографија, за како што велат напаѓачот на Елвис Бајрам, за кој тврдат дека е Илјаз Халил.

Информацијата сеуште не е потврдена, а полицијата сеуште нема никакви информации иако пратеникот Амди Бајрам го повика министерот Спасовски што побрзо да го расветли нападот, за да не дојде до поголеми инциденти во иднина.

Спасовски сеуште нема дадено изјава за нападот.

Јавноста е згрозена од текот на кампањата, која во самиот почеток беше означена како црна и насилна поради бројните неправилности за кои Спасовски не превзема никакви мерки.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This