March 28, 2024, 10:35 am

ЕДИНСТЕВНА МАКЕДОНИЈА:Османи да почне да учи руски наместо да сее страв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија обвинува дека власта е марионетска, длабоко корумпирана и купена. Од таму додаваат дека има очај во структурите на власта бидејќи секојднено се зборува за ризици доколку Македонија не стане членка на како што нагласуваат „антимакедонските организации“, НАТО и ЕУ.

„Како и Шеќеринска која постојано повторува дека состојбите на терен од јуни ќе се менуваат доколку Македонија не стане членка на НАТО, така и на вчерашниот традиционален појадок со амбасадорите на САД и земјите ченки на ЕУ, и Бујар Османи зборуваше за наводни ризици, промена  на состојбите на терен и влијание на трети земји доколу Македонија не стане членка на НАТО и не добие датум за преговори за членство во ЕУ“, стои во соопштението на Единствена Македонија.

Од партијата велат дека сојузот со Русија би бил природна средина за македонскиот народ и така би се обезбедил опстанокот и просперитетот на македонската држава.

„Единствена Македонија жали што Бујар Османи не може да ги разбере новите геополитички поместувања на Балканот кои се навестуваат и тие доаѓаат, со што, Македонија најпосле ќе го оствари историското стратешко партнерство со Русија. Оттука, Бујар Османи наместо очајнички да сее страв и лаги кај народот, му советуваме најдобронамерно да започне заедно со сонародниците Албанци да го изучува рускиот јазик, а радикалните Албанци да научат да пливаат“, велат од партијата на Бачев.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This