ЕДИ РАМА СЕ ЗАКАНУВА СО МЕНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ: Му било страв од Русија, па ако ЕУ не превзмеле ништо ќе ги менувал границите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако ја состави Тиранската платформа, која има за цел да ја ги скрши темелите на унитарноста и суверенитетот на Република Македонија, Еди Рама најави дека е можно соединување на неговата држава и Косово. Албанскиот премиер започна со најави за федерации на Балканот.

edi-rama

Тој во интервју за бриселски „Политико“ вели дека тоа не е негова желба, но дека е можна алтернатива доколку остане затворена вратата на ЕУ.

-Никој не сака мали сојузи, сите сакаат голема унија. Но ако нема надеж, нема перспектива, нема место, тогаш секако малите сојузи можат да се случат.

Сепак Рама смета дека на сите на Балканот, ЕУ би требало да им биде цел, но доколку не постои надеж треба да се размислува за „мали унии“.

Како што тој вели, Европа би доживеала ноќна мора, доколку Балканот „полуди“ поради тоа што проширувањето на унијата би можело да биде тргнато од дневен ред.

-Регионот би станал сива зона во која други актерки би имале посилна улога од Европската унија, вели Рама.

Рама предупредува дека откажувањето од понатамошно придружување би можело да значи дестабилизација за цела Европа.

-Постои проблем во разбирањето, недостатокот на визија и несфаќањето дека на регионот навистина му е потребна Европа, но и дека на Европа и е потребен регионот. Како унијата може да биде сигурна ако Балканот полуди? Како може ЕУ да дозволи нејзиното срце да биде сива зона. Тоа е бесмилица и кога збориме за безбедноста и сигурноста, вели Рама.

Албанскиот премиер вели дека и покрај тензиите во регионот, од односот на Белград и Приштина, преку наводниот обид за пуч во Црна Гора и заканите за референдум во Република Српска, па до кризата во Македонија, не гледа нова војна како прво сценарио.

-Сепак, смирување на тензиите многу зависи од ЕУ и САД, вели Рама.

Рама вели дека сепак постои иницијатива регионалните лидери да работат заедно и дека е дел заслуга на ЕУ.

edi-rama-hasim-taci-640x417

-Вие во Европа имате генерација која не видела војна. Ние на Балканот сме виделе војни, знаеме што значи тоа. Го посетив Белград 68 години по последната посета на албански премиер. Мојот колега(премиерот на Србија Александар Вучиќ), овде дојде прв пат. Тоа е показател колку работите се одат на во добар працев и тоа поради Европа. Но ако таа европска магија избледи, верувајте ми работите би можеле да станат многу лоши, изјави Рама.

Покрај Еди Рама за федерации на Балканот зборуваше и пратеничката Месила Дода од партијата PDIU, која е во коалиција со социјалистичката партија на премиерот на Албанија, која Македонија ја нарече Илирида и се закани со војна.

mesila-doda-1-640x366

-Ви се обраќам, од тука, од албанската страна на граница, но не се сомневајте за многу брзо ќе се обратам и од другата страна на границата. Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност. Оваа држава без никакво значење не може да ја пронајде својата причина за постоење во злоупотребата и непочитувањето на правата на Албанците од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Охрид и од Струга. Завршениот претседател на Македонците им се закани на Албанците со војската на оваа фантом држава. Тој знае дека оваа војска има повеќе албански синови на албански мајки кои не вртат пушка против својот брат Албанец. Албанците од УЧК на Шара вчера се изјаснија дека по секој ацена ќе ја бранат Иллирида ние денес им кажуваме, не сте сами Албанија е со вас! Татковината ќе ве поддржува без сомневање – изјави Дода.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This