April 19, 2024, 10:05 pm

ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТАЈНИ НА ЦРВЕНАТА АРМИЈА: И Пентагон стравувал од Руската „теорија на времето“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како астрофизичарот Николај Козирјев дошол до сознание дека сегашноста, минатото и иднината постојат во ист момент. Илјада луше во експериментите „патувале“ низ времеплов од Сибир. Енергијата на Земјата пристигнува со „протекот“ на времето

Една од најголемите воени тајни на Црвената армија била, и според многумина останува, работата на Никоалј Козирјев, руски астрофизичар кој успеал да проникне во тајните времиња. Русите никогаш не ја симнале ознаката за тајност од целокупното негово дело, а тогашната суперсила САД стравувале од овие „калкулации“.

Експериментите со огледалата на Корзијев во далечниот Новосибирск се достапни на јавноста благодарение, пред се, на Институтот за клиничка и експериментална медицина на Руската академија во тој град, каде неговата работа ја продолжува академикот Влаилу Петрович Казначејев и Владимир Трофимов, кој по смртта на Казначјев продолжил да ги води истражувањата.

Круната на Трофимовата работа бил формирањето на институтот кој денес го носи името на Казначајев.

Во седиштето на мистеријата на науката, на Николај Александровиќ Козирјев се наоѓа и неговата „теорија на времето“.

Според законите на физиката (вториот закон за термодинамика), загреаните тела се ладат и ја оддаваат својата топлина на ладните тела, поради што температурата на сите тела постепено се изедначува. Забележувајќи го тоа во вселената, значи дека е неизбежна топлотна смрт на космосот.

Козријев заклучува дека, по сите пресметки, нашето Сонце би требало одамна да согори. Застанал дури и на тврдењето дека звездите примаат некоја мистериозна енергија однадвор, изнесувајќи претпоставка дека времето – е извор на енергија. На Крим потоа тој спроведувал и експериметни.

– Поради брзината на распростирањето на свелтоста ние ја гледаме ѕвездата само во минатото. Меѓутоа, вперувајќи телескоп во сјајот на ѕвездата го добиваме моменталното отчитување на енергијата во апаратот.

Со пресметка се добива резултатот за тоа каде точно би требало ѕвездата да се наоѓа, земајќи во обзир со која брзина светлоста патува. Телескопот тога е вперен на тоа место и добиени се исти вредности – говорел своевремено Козирјев, објаснувајќи го неговото откритие.

Во Новосибирск постојат многу конструкции на чудни огледала.

Потоа го вратил телескопот на позицијата од која ѕвездата емитувала енергија која ја забележал во првото огледало и во таа празнина ги добил истите вредности. Козирјев заклучува дека минатото, сегашноста и иднината постојат истовремено.

Тој новиот вид на енергија го нарекол „проток на времето“. Заклучува дека енергијата и времето се две страни на една целина, а искуствата на повеќе илјади луѓе кои го поминале експериментот во апаратурата огледала сведочат дека патувале низ времето и гледале работи од минатото и иднината.

Според информации на Пентагон, Русите со својата воено-стратешка ефектива биле во состојба да ги командуваат и мислите. Можеле со атомски подморници на било која длабочина и на било кој океански меридијан да издадат наредба преку мисловен мост да се лансира ракета во реално време.

Козриевите огледала се со алуминиумска конструкција, изработени во облик на спирала. Внатре во оваа конструкција се наоѓа столче за доброволци и специјална апаратура. На главата на доброволецот се става „шлем“, сличен на метална чинија со сензори.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This