ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА: Пожар во куќа во охридско, загина маж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постаро машко лице настрада во пожар што попладнево ја зафатило куќата во кое лицето живеело само во охридското село Песочан.

Околу 18 часот била алармирана Територијалната противпожарна единица во Охрид, која веднаш интервенирала со десетина пожарникари кои кога пристигнале на местото на пожарот веќе забележале дека покривот на објектот веќе попуштил пред пламените јазици. За брзо време пламенот бил локализиран, но не успеале да го спасат старецот чие беживотно тело било пронајдено во внатрешноста на куќата.

Причините за избувувањето на пожарот ќе треба да ги утврди истрагата.

Пред десеттина дена во сличен инцидент настрада старица во сопствениот дом во Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This