March 29, 2024, 12:49 am

ЕЛЕМЕНТАРНА ГЛУПОСТ НА ЦАРОВСКА: Вторите смени за децата се невозможни, Мила Царовска покажува елементарно непознавање за проблематиката за заштита на децата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најавата за воведување на втора смена во градинките не претставува ништо друго освен задоволување на потребите на партиските членови на СДСМ кои поради ова ќе треба да бидат вработени токму во градинките. Граѓаните велат дека министерката Мила Царовска покажува елементарно непознавање на проблематиката за заштита и згрижување на деца од предучишна возраст.

СДСМ во периодот на своето владеење пред 2006 година не отвори ниту една градинка. Истиот случај е во сегашниот мандат на Мила Царовска, како и на претходната техничка министерка Фросина Ременски, ниту една градинка не е отворена кога во Владата седат лица од СДСМ.

Само 7 проценти од вкупниот број на градинки искажале интерес за воведување на втората смена. Анкетата која е спроведена од МТСП покажува дека нема интерес за воведување втора смена од 54 општини, во кои има 65 градинки, само 4 градинки искажале интерес, во Центар, Чаир, Куманово и Тетово.

Како што велат лицата поупатени во оваа проблематика, Мила Царовска нема ниту конкретеен план и мерката според нив е само популистичка. Без нови работни места не може да се реализира оваа мерка, невозможно е истата на профункционира во градинките во земјава од септември оваа година, според нив ова е голема лага.

Според нив факт е дека градинките не се спремни за воведување на втора смена. Со воведувањето на двосменското работење, а доколку не се вработат нови лица, ќе се преполоват капацитетите на градинките кога има најголема потреба за нив, односно во текот на работниот ден. За да се реализира оваа мерка потребни се илјада нови вработувања на стручен кадар, како воспотувачки, негуватели, кувари, чувари хегиеничари и слично.

За да оваа мерка биде реализиран потребно е зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градинки, што со ребалансот за 2017 година не е предвидено и ова е уште еден показател дека оваа мерка е популизам кој само ќе направи хаос во градинките.

Програмите за целодневен престој во градинките траат од 9 до 11 часа и може да се изведуваат предпладне, попладне, целодневно или наизменично, така што ноторна лага дека работат само до 14:30 часот. Најголемиот број градинки во државата во овој момент работат од 7 часот наутро до 18 часот попладне, што е термин предвиден за родителите да стигнат навреме на работа и да имаат време после работа да ги земат своите деца од градинка.

Анкетата која е направена од МТСП нема никаква репрезентативност и правен е според принципот, установа со мал капацитет (50 до 250 деца) да се анкетираат 10 родители, установа со среден капацитет (максимум 250 до 500 деца) да се анкетираат 15 родители, а со голем капацитет (над 500 деца) да се анкетираат 20 родители. Ова покажува дека анкетата на која се повикува Царовска нема никаква репрезентативност и позитивно е одговорена од само 4 градинки од над 65 низ целата држава.

Според многумина СДСМ уште една покажа дека нема ниту капацитет, ниту концепт за реформи, тие велат дека станува збор за антиреформска влада без капацитет.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This