ЕЛЕМ ГО ПОПЛАВИ СКОПЈЕ: ЕЛЕМ не ги затвори браните, Вардар се прелеа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број граѓани објавуваат фотографии на социјалните мрежи од реката Вардар која во Градскиот парк и во центарот се излеа од своето мало корито и ја поплави рекреативната патека во големото корито.

Реакциите се различни и дел се насочени кон властите на Скопје и на државата дека не презеле доволно мерки за заштита од поплави.

Од Управата за хидрометеоролошки работи последната објавена информација е од синоќа во 21 часот, подготвена од раководителот на одделението за хидрологија на површинските води, Васко Стојов. Во неа се вели дека се очекуваат пообилни врнежи во Полошко и во западниот дел од Скопје, и дека во овие делови, но и во други региони на државата, се очекува брзо растење на помалите реки и на суводолиците.

 

 

Од Центарот за управување со кризи утрово известија дека вчера околу 20 часот биле примени повеќе податоци од граѓани од Тетово и од Мала Речица, на кои им се поплавиле подрумите и магацините. Поплавените биле кај касарната, во Ајдучко маало и во околните зони на градот. Биле известени локалните јавни претпријатија.

Дополнително, од ЦУК информираат дека на планините каде што има снежна покривка врнежите од дожд придонеле да се зголеми нивото на водата во речните корита и во суводолиците и тоа во реоните околу Бистра, Стогово, Шар Планина, Кораб, Јабланица и Баба. Поради тоа се очекува раст на нивото на реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска и во горниот тек на Вардар. ЦУК пренесува и информација од ЕЛЕМ дека акумулациите имале доволно слободен простор за да го примат овој воден бран.

Во Град Скопје, пак, вчера беше презентирана стратегија за намалување на ризикот од поплави во скопско.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This