ЕРДОГАН ГИ ОБВИНИ САД ЗА ВООРУЖУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИ: Турскиот претседател тврди дека 5.000 камиони оружје биле испратени кај Курдите во северна Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател тврди дека околу 5.000 камиони, сите натоварени со оружје, биле испратени во северна Сирија.

Говорејќи за турскиот канал за вести НТВ во саботата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека САД и нејзините сојузници одбиваат да продаваат оружје за Анкара, истовремено избирајќи да ги обезбедуваат курдските сили со оружје, бесплатно.

“Не можеме да купиме оружје од САД со нашите пари, но за жал, американските и коалициските сили им го даваат ова оружје, оваа муниција на терористичките организации за без пари велитој. Тој потврди дека заканата претежно доаѓа од оние кои ги нарекуваме “стратешки партнери “.

Ердоган понатаму рече дека Вашингтон продолжува да ги вооружува милитантите во Сирија, испраќајќи им конвои полни со оружје. На пример, според него, САД испратиле 5.000 камиони натоварени со оружје во северните делови на земјата.

САД ги гледа Курдските народни единици за заштита како сојузник во Сирија, и поточно, составен дел од таканаречените Сириски демократски сили Наводно, Сириските демократски сили се обучени, опремени и следени од Американците.

Во декември минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп го одобри обезбедувањето на оружје во вредност од 393 милиони долари за она што Вашингтон ги нарекува партнери во Сирија – курдите се дел од нив. Кратко потоа, САД ја објавија својата намера да формираат универзален баталјон со околу 30.000 лица, кој требаше да биде распореден по должината на турската граница.

Потегот беше пресретнат со гнев од турската страна, а на 20-ти јануари Анкара започна воена операција со кодно име Маслиново Гранче, која има задача да ги порази силите на Сириските демократски сили од областите во северна Сирија во близина на турската граница. Анкара ја смета групата за поврзана со Курдистанската работничка која за терористичка организација се сметаод страна на САД, ЕУ и Турција.

Турција во повеќе наврати ги обвини Сириските демократски сили за учество на деца-војници во своите редови и намерно поставување позиции и контролни пунктови во густо населените области, за наводно да може да ги користи цивилите како човечки штит.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This