ЕРДОГАН НУДИ ВОЕНО-ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА СО РУСИЈА: Турскиот премиер Ердоган му понуди на Путин заедничко производство на новата генерација ракетни системи С-500

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција се залага за создавање на нов ракетен одбранбен систем како дел од нејзините тековни напори за подобрување на одбранбените стратешки воени способности на државата.

Анкара со нетрпение го очекува заедничкото производство на новиот генерациски систем за воздушна и ракетна одбрана С-500 со Русија, рече претседателот Реџеп Тајип.

“Го контактирав претседателот Путин со предлог за заедничко производство на С-500”, рече Ердоган во интервју за 24 телевизии.

Тој не го спомна одговорот на рускиот претседател на идејата или кога точно го побарал ова од Путин.

Новинската агенција Анадолу го цитираше турскиот претседател дека Русија и дала на Анкара заем за купување на ракетен систем С-400 со “многу прифатливи услови”.
“Во текот на втората и третата фаза ќе продолжиме со заедничкото производство на S-500 системите”, рече Ердоган.

Системот за противвоздушна одбрана на С-500, за замена на сегашниот С-400 систем, се развива и треба да влезе во служба во следните 25 години.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шоигу, претходно рече дека новиот систем ќе почне да го користат вооружените сили во 2020 година.

Во февруари, тогашниот вицепремиер Дмитриј Рогозин изјави за весникот Комерсант дека во Нижни Новгород веќе е во тек производство на S-500 и S-400 .

Претседателот Ердоган претходно истакна дека ако е потребно, Анкара е подготвена да ги користи ракетните системи С-400 изработени од Русија.

Москва и Анкара потпишаа договор за заем за набавка на четири ракетни системи за противракетна одбрана на С-400 во декември 2017 година. Првичното доставување на напредниот ракетен систем на Русија во Турција е планиран за првиот квартал од 2020 година.

Се очекува С-500 да формира горниот слој на воздухопловната одбрана во Русија, да може да таргетира цели на надморска височина од над 60 милји, и да може да таргетира цели што се надвор од дофатот за сите системи на противракетна одбрана што сега постојат.

Системот ќе може да лоцира и истовремено да таргетира до десет боеви глави на балистички ракети кои летаат со брзина од над четири милји во секунда. Нејзините уникатни боеви глави сами ги бараат своите цели и, наоѓајќи ги, се префрлат на автоматски режим за удар.

С-500 е, исто така, единствениот систем за ракетна одбрана способен да таргетира хиперсонични цели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This