April 25, 2024, 11:00 am

ЕРДОГАН ЌЕ МИТИНГУВА ВО САРАЕВО: 2.000 Турци од Виена пристигнуваат на митингот на Ердоган во Сараево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси 2.000 Турци од Австрија ќе отпатува за Сараево, за да присуствува на изборниот митинг на турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган, според Унијата на европските-турски демократи (UETD).
“Тргнуваме од таму дека до 2.000 луѓе за овој настан ќе дојдат од Австрија”, рече тој во изјавата за виенскиот весник “Курир” Bилет Билги, генералниот секретар на UETD, кои го сметаат за “продолжена рака” на АКП на Ердоган.

Тој објасни дека голем број приватни возила, како и изнајмени автобуси, ќе одат во Босна.

Целата акција, додаде тој, е финансирана од спонзори, првенствено компании.

Сараево ќе биде замена за одржување на митингот на тлото на Европа, бидејќи Германија и Австрија го забранија одржувањето на турски изборни настани на нивните територии.

Дијаспората е важна во текот на следните избори во Турција, Германија е дом на околу 1,5 милиони луѓе кои имаат право на глас на турските избори, а во Австрија, 110.000 од нив.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This