ЖЕРНОВСКИ НЕРВОЗЕН: Нервозата кај Жерновски расте од причина што неговата неспособност исплива на површина, а граѓаните тоа го видоа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствен ефект од програмата на Жерновски е стагнација на Општина Центар. Програмата на Андреј Жерновски, беше еден обичен памфлет, рекламен материјал кој не може да се нарече реклама за четиригодишен мандат, но и како таков не е реализиран ни половина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Факт е дека парите на граѓаните од Општина Центар градоначалникот Жерновски ги трошеше и продолжува да ги троши нерационално и недомаќински. Жерновски е познат по неработењето и бруталното лажење. Неработникот Жерновски е во натпревар за додворување кон СДС поради големата надеж да биде повторен кандидат за градоначалник на Општина Центар. Жерновски живее и се храни од навреди, лаги и ароганција. Со навредите и ароганцијата само ја покрива својата неспособност. Неспособноста, интригаштвото, мрзеливоста и нечесноста ја прикрива со плукање и навредување други. Тие времиња поминаа, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, се додава, потребно е да се види што сработил последниве 4 години од мандатот.

-Ја чувствуваме нервозата кај градоначалникот Жерновски од причина што за 4 години има сработено само еден капитален проект, а потрошени се околу 100 милиони евра. Со право граѓаните прашуваат како тоа кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Општина Центар имаше пари за се, а сега со 100 милиони евра е направен само еден капитален проект. Крајот на мандатот се ближи, нервозата кај Жерновски расте од причина што неговата неспособност исплива на површина и кај граѓаните почна да биде видлива. Затоа на 15-ти октомври Жерновски ќе се соочи со политичка одговорност, се вели во реакцијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This