Кучињата бездомници беснеат во општина Аеродром, а градоначалникот Златко Марин абер нема да почне со решавање на овој горлив проблем кој ги тишти жителите на општината, наместо тоа, градоначалникот веќе 100 дена се занимава со партиски вработувања и местење на тендери
„Завчера вечерта на ул. АСНОМ 16 во општина #Аеродром, улично агресивно куче по не знам кој пат нападна човек за што има пријава во ПС Аеродром.
Ќе ги заштити ли #ЗлаткоМарин граѓаните на општината од агресивни кучиња или #дојдеживот за уличните кучиња во #Аеродром,а хорор за граѓаните!“ – прашуваат жителите на општина Аеродром преку социјалните мрежи.
На ФБ групата која ја користат граѓаните на општината, преку која се обидуваат да ги пријават проблемите и недостатоците во општината во недостаток на слух кај локалните власти, објавија и видео од 100 дена работа на градоначалникот.