ЗАВРШИ МАРАТОНСКОТО РОЧИШТЕ: По 11 часа во судница, адвокатот на Груевски изјави дека ова е преседан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Никола Груевски од утрово е во судница. Рочиштето за „Тенк“ денес почна од 09:30 часот и заврши во 21.30 часот.

Ваква маратонска седница од 11 часа досега немало во судската пракса, вели адвокатот на Груевски кој го окарактеризира случајот како голем преседан и притисок врз обвинетите.

-После 11 часа главна расправа еве сега во 21 часот и 30 минути завршуваме и морам да ви кажам дека јас дека после долга обвинителска и адвокатска кариера од осум години прв пат ми се случува да 11 часа имам судење за предмет кој што не е ниту притворски, ниту има некој посебен интерес за него, ниту било каква опасност за одлагање на предметот. Сметам дека ова е преседан и голем притисок на одбраната и обвинетите за да се извршуваат квалитетно својата работа, вели адвокатот Штерјо Зиков.

Груевски кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствува во парламентот на седницата за доверба на владата.

-Утре во 10:30 часот пак ќе има рочиште. Не го прифатија барањето на Груевски да присуствува во Собрание на седницата за интерпелација на Влада, рече тој.

 

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This