За многумина остана мистерија начинот на кој Киро Глигоров и тогашното раководство на државата успеа да ја извади Македонија од СФРЈ без ниту еден конфликт и крвопролевање, во услови кога се разгоруваше најкрвавата војна на Балканот по Втората Светска војна
Душан Прокоровиќ, директор на Центарот за стратешка алтернатива во својата послдна колумна објаснува за дел од разговорт помеѓу Киро Глигоров и Слободан Милошевиќ, во кој се објаснува дека Милошевиќ бил смирен на барањето на Глигоров, но и загрижен поради несигурноста дека Македонците ќе успеат да си ја одбранат земјата.
Тоа според Пророковиќ се докажало и во 2001-ва, кога Македонската политика капитулираше пред терористите, и ги прифати сите барања на Западот, со што практично Македонската политика сама започна да ја дезинтегрира државата.
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
Своевремено, на почетокот на деведесетите години, кога Македонците решија да ја напуштат СФРЈ, заедно со Словенците, Хрватите и муслиманите од БиХ, Киро Глигоров на Дедиње последен пат службено се сретна со Слободан Милошевиќ.
Глигоров тогаш рекол:
„Сега ни е приликата да добиеме македонска држава, и кој знае дали во иднина ќе ја има повторно.“
Според сведочењето на еден од учесниците на овој разговор, Милошевиќ покрај се што му рекол претседателот на Македонија реагирал смирено и сталожено, такво нешто во оваа прилика и очекувал, но не му било драго:
На крајот заклучил: „Вие Киро, држава ќе добиете, но не знам дали можете да ја сочувате?“
Дел од Македонските политичари, запознаени со разговорот и ставовите, на Милошевиќ му препишуваа за неговите зли намери кон Македонија. Можеби било и така, но овој заклучок во текот на 2001.ва година кога локалните вооружени формации на тетовските Албанци го започнаа своето востание, за потоа да го продолжат ОНА, па АНА – паравојски со единствена команда, систем на субординација, и поддршка на разни политички структури.
Беа тоа први наговестувања дека Македонија нема да може да се сочува. – пишува Пророковиќ.
[/kopa_block_quote]