ЗАЕВ ВО ПАНИКА ГО АКТИВИРА СЈО: За утре закажана итна прес-конференција за нова нарачана истрага!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и партиското раководство на СДСМ во очај и паника по вчерашниот граѓански собир на кој се собраа над 250.000 граѓани на улиците ширум Македонија, граѓани кои секојдневно протестираат и го искажуваат својот револт околу намерата на Заев да формира Влада врз основа на Тиранската платформа, го активираат СЈО, кое за утре експресно закажа пресконференција за нова истрага, со надеж дека медиумската перална на СДСМ ќе го сврти вниманието од револтот на граѓаните од антидржавнта политика на СДСМ кон наводните „криминални истраги“ на СЈО.

sjo-zivo

Имено медиумите веќе пишуваа дека вчеравечер имало жестока расправија во СДСМ помеѓу локалните раководства на скопските ограноци и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на кого му било укажано дека толку народ немало на скопските улици ни во најдобрите денови на „Шарената револуција“ , која како таква беше дебело финансирана од Сорос и изготвена во кујната на Канвас.

Заев укажувал дека СДСМ мора да издржи по секоја цена, тој викал ако Струмица и струмичани ја издржат платформата, мора тоа да го направат и Скопјани. Од друга страна тој гласно негодувал зошто само тој ја бранел платформата од Тирана, а не го правеле тоа и другите од раководството на СДСМ.

Очигледно по ваквиот бурен состанок и се поголемата нервоза во СДСМ, каде гледаат дека граѓаните во огоромен процент се против Тиранската платформа на Заев му текнало да го активира СЈО кое ќе биде во хор поддржано од Соросовите портали и телевизиите под контрола на СДСМ, кои ќе имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од антидржавната политика на Заев и неговата цел да ја направи Македонија двојазична, со крајна цел федерализиција и промена на името на државата по грчки терк.

СЈО веќе удри по медиумите кои Заев ги прогласи за негови најголеми непријатели и не би требало да биде изненадување утре да продолжи со атакот врз медиумите и вршење присоци за ограничување на слободата на говор.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This