ЗАЕВ ГО БРАНИ БЕЈТА: Масакрот во Смилковци за Заев не е ништо повеќе од добра тема за зацврстување на коалицијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев си поигрува со трагичната судбина на семејствата на свирепоубиените кај Смилковското езеро.

Јавноста очекува конечни одговори за трагедијата. Изјавите на родителите на жртвите се срцепарателни, а односот на Заев кон нив сосема бесчувствителен. Во воздух лебди прашањето: Кој лаже, Заев или семејствата?

Заев денеска изјави дека ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“ доколку тоа од него го побара судот. Додека семејствата на убиените живеат во агонија, Заев застанува во одбрана на Бејта.

– Ако побара судот да бидам сведок и да кажам се што знам, тоа ќе го направам бидејќи тоа ми е граѓанска должност. Сите материјали, не само оние за „Монструм“ коишто сум ги поседувал, се е предадено, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека сега остануваат постапките на судските органи кои треба да донесат одлуки.

Во врска со тврдењата за разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, премиерот рече дека во „бомбите“ имало разговор меѓу нив во кој Азири барал субвенции за земјоделство. Тој разговор, како што посочи, им го покажал и на родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро.


Горан Наќевски, таткото на Александар едно од убиените момчиња кај Смилковско Езеро на последното рочиште во судот истакна дека премиерот Зоран Заев на средбата со нив им покажал транскрипти од разговор меѓу Невзат Бејта и еден од обвинетите.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината, рече таткото на Наќевски.

И мајката на свирепо убиениот Александар сведочеше за ваквите материјали кои им ги покажувал Зоран Заев.

– Се слушаше гласот на Фејзи Азири и непознатото лице: „Вечерва сонував лош сон. Сонував како му ги врзуваат рацете на момчето и плачев. Си велев, да не нè се израдувам, да не нè го завршам тој никаквец“, цитира Зорица Наќевска, мајката на Александар, дел од транскриптот од разговорите.

Ова само потврдува дека Зоран Заев прилично добро бил информиран за случајот „Монструм“, за сторителите, за јатаците и за контактите на обвинетите со функционерите на ДУИ како што е случајот со Невзат Бејта.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This