April 25, 2024, 12:53 pm

ЗАЕВ Е ЛУЗЕР ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ: Или ќе го поддржи Косово за УНЕСКО, или повеќе нема да биде премиер – Македонија заложник на албанската политика!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанците кои се дел од владата на Заев и од кои зависи опстанокот на неговата влада, бараат Македонија да го поддржи приемот на Косово во УНЕСКО. Зоран Заев нема многу потези кои би можел да ги повлече во ваква ситуација. Белград може да возврати

Планот Македонија да го поддржи Косово во УНЕСКО, повлекувањето на српските дипломати од Скопје и официјалната изјава која следеше од Македонија дека раководството на владата ќе се однесува како мнозинството на земји членки на ЕУ не се нешто со што се одликува добрососедската политика која Зоран Заев ја вети на Србија и српското раководство – пренесуваат тамошните медиуми.

Кои може да бидат последиците од овој след на случувања?

Бранко Ѓорѓевски за Спутник вели дека е јасно дека односите помеѓу Македонија и Србија станаа заложник на Косово, односно албанската политика. Како што наведува, пораката која Србија ја испрати со повлекувањето на дипломатите од Скопје е модел за тоа како Белград ќе се однесува ако Македонија не отстапи од поддршката за прием на Косово во УНЕСКО.

„Македонија од ова треба да извлече пока, ако гласа во спротивност со интересите на Србија, би можело да дојде до преиспитување на употребата на уставното име Македонија, односно, Србија би можела во иднина да ја користи референцата БЈРМ, а не Република Македонија, како што тоа досега го правеше. Јасно е дека Косово е точка каде што интересите на Македонија и Србија се разидуваат поради постоењето на голема албанска заедница во Македонија, но и поради фактот што Македонија ја призна државноста на Косово. Сега тоа ја оддалечува Србија и Македонија. Можам само да се надевам дека тоа нема да ескалира. Многу е важно како ќе одигра Зоран Заев, бидејќи досега стоеше на ставот дека Македонија ќе биде неутрална по прашањето за прием на Косово во Унеско“, рекол Ѓорѓевски за Спутник.

Тој додава и дека целата работа е во рацете на Албанците, кои го чинат делот на владата во Македонија од кои зависи и опстанокот на целата влада.

„Тие бараат Македонија да го поддржи приемот на Косово во УНЕСКО и не гледам кој друг потег Заев би можел да го повлече во ваква ситуација. Но сега тој е на потег. Сам кажа дека Македонија треба да биде неутрална, сам предизвика реакции од албанските партии. Гласањето во УНЕСКО се ближи и можеме само да чекаме да видиме што тој ќе направи“.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This