ЗАЕВ И СДС СО НОВ СКАНДАЛ!: Владата на Р.Македонија бара од Македонски Телеком да го постави Замир Мехмети и Горан Трајановски во бордот на директори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку 68 профили на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер биле следени од страна на МВР, по наредба на Спасовски, при што оние профили кои биле критички настроени кон новата власт беа блокирани и бришени од социјалните мрежи, на барање на МВР

Еден од профилите кои беа блокирани од мрежата Твитер, е на познатиот твитерџија кој се води под псевдонимот „Пази Леџа“, а причината за тоа е објавата на текст во кој твитерџијата открива како функционира владата на СДС, во случајот со уцените од страна на братот на Ермира Мехмети, Замир Мехмети инаку еден од предводниците на „платеничката револуција“.

„Пази Леџа“ објави текст во кој се објаснува како Замир лично од Зоран Заев барал вработување во Македонски Телеком на некоја раководна функција, каде што ќе може да ги користи и сите бенефити, како платени ручеци, автомобили, шофери и плата не помала од 3.000 евра.
Ако, ова не биде возможно, Замир барал да биде ставен на раководна функција во Агенцијата за медиуми или во АЕК. Секако под истите услови.

Во текстот се додава дека „Замир е свесен дека сега е вистинскиот момент за да изврши притисок токму пред локалните избори, период во кој Зоран Заев не сака да прави нови непријатели во медиумите.“

„Бидејќи опците за вработување во некоја од владините институции е тешко изводлива поради Европското законодавство, највројатно Замир ќе биде вработен во Македонски телеком. Вистинските професионалци и поддржувачи на СДСМ и нивната идеологија се сериозно загрижени поради ваквиот менаџмент со човечките ресурси од страна на Зоран Заев, но неговиот единствен одговор бил дека тој е шеф и тој одлучува на кој ќе му припаднат придобивките од формирањето на владата“.

Дека ова е вистина, докажува и дописот испратен од Владата на Р.Македонија потпишан од Зоран Заев, во кој на Македонски Телеком му се предлагаат нови членови на одборот на директори на една од најмоќните компании во Македонија.

Меѓу имињата кои ги предлага Заев и владата на СДС, очекувано, се најде и името на братот на Ермира Мехмети, Замир Мехмети со што само се потврдува начинот на работа на новата власт, која функционира под закани и уцени од албанските коалициски партнери, но и активистите албанци, од кои зависат и албанските гласови на контото на СДС во пресрет на локалните избори.

Освен Замир Мехмети, во предлогот на Владата потпишан од Заев се најде и името на Горан Трајановски, инаку бивш советник на Оливер Спасовски во неговиот технички мандат во МВР, и претседател на партиската комисијата за информатичко општество на СДС.

Трендот на целосна партизација на државата продолжува со забрзано темпо, а сега ги надминува и рамките на државните институции, па Заев започна и со менување и поставување на свои луѓе и во приватни компании, со цел контрола над капиталот во државата.

Заложбата за „јадење живи луѓе“ и менување од „чистачка до министер“ се спроведува во полна пареа.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This