March 29, 2024, 11:58 am

ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ МУВА НЕ ГИ ЛАЗИ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Загадувањето коси-85 деца се хоспитализирани

Поврзано

- Advertisement -
Во детската болница во Козле деновиве биле хоспитализирани 85 деца со компликации.
- Advertisement -

Алармантната загаденост на воздухот во Скопје за време на продолжениот празничен виденд го зголеми бројот на пациенти со респираторни проблеми.

Телевизија Сител најавува дека загаденоста во комбинација со вирусите ја наполниле детската болница во Козле. Таму деновиве биле хоспитализирани 85 деца со компликации. А секој ден во дежурните амбуланти прегледувале по стотина болни деца. Слична била состојбата и на Клиниката за Детски болести.

-Честотата на пациентите е зголемена. Веќе во болницата во Козле се хоспитализирани 85 деца и 50-тина мајки. Ова е поради периодот на вируси, го очекуваме и грипот и секако поради последиците и симптомите од загадувањето. Најчестите патологии се пневмониите, бронхитите и секако ларинготот како честа веќе појава поради надразнителното дејство и од страна на ПМ 10 честичките за време на најголемиот период на загадување, изјави за Сител д-р Анѓелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.

Поради потешкотии со дишењето за време на празниците поради загаденоста на воздухот секоја вечер по десетина граѓани балале лекарска помош и на Клиниката за Токсикологија која сеуште функционира како Интернистички Ургентен центар.

Дел од пациентите по прегледот биле пуштени дома, а потешките случаи ги препраќале на Пулмологија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This