ЗАЕВ НЕ ГО „ШИША“ ПРИБЕ: Власта сака именување на судии без завршена академија, спротивно на препораките на Прибе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата сака да мести судии со незавршена Академија, наспроти извештајот на Прибе. Се спремаат измени во законот за судови, со кои судии ќе стануваат луѓе без никаква обука, наспроти они академци кои поминале 2 годишни квалификации, велат од Академијата за судии и јавни обвинители. Овој септември новата нацрт стратегија на Владата за реформи во судството која предвидува одреден процент од судиите да бидат избрани без завршена Академија, воопшто и не била прифатена во извештајот од Прибе, сепак Владата сака да ја протурка.

– Минатата недела имаше состанок на академиите во Брисел и едно лице од Министерството за правда, пред сите изјави дека се спремаат измени во законот за судови и дека процентот на избор на академци надвор од Академијата ќе биде 60 наспроти 40. Таа изјава предизвика голема вознемиреност кај кандидатите на Академијата 37, кои се прашуваат од која причина тие кои полагаат тешки испити и квалификации и учат 2 години, ако некој може без никаква обука да се протне во судството,вели Анета Арнаудовска,Директор на Академијата,судија на Основниот суд Скопје.

Транспарентност и инклузивност. Арнаудовска вели дека се само празни зборови кои се користат а не се спроведуваат ниту од Владата, ниту пак од Советот за реформи, а новата стратегија која ја донеле имала дискредитирачки вокабулар против Академијата на судии, кој бил отстранет откако било реагирано од Европската  Комисија.

За новите измени во Законот за Академијата, воопшто не биле вклучени ниту консултирани органите на Академијата а Советот за реформи тргнал со фронтален напад којшто не бил прифатен од Европската Комисијаа.

– Академијата работи 12 години со Европската Комисија за избор на Судии преку Академијата и од кога ќе се избере и последниот академец, одеднаш без никакви анализи и компаративно истражување се поднесуваат овие предлози,кажа Анета Арнаудовска,Директор на Академијата,судија на Основниот суд Скопје.

Професорот по Казнено процесно право на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев пред десетина дена поднесе оставка на членството во Советот за реформи во правосудството, бидејќи како што изјави за МИА, Советот го доживува повеќе како декор на Министерството за правда и Владата, отколку како вистински Совет за реформи.

– Лично сметав дека реформите не се одвиваат на начин на кој јас замислував во однос на брзината, нема вистинска инклузивност ниту на луѓето кои се засегнати од реформите, пред се, тука мислам на самите судии, обвинителството во делот на правосудството, ниту на дел на инклузивноста на граѓанскиот сектор. Но, најнезадоволен бев од работата на самиот Совет, рече Калајџиев

Според него, самиот Совет во суштина е доста маргинализиран, се свикува многу ретко – еднаш во два месеци, а на дневен ред се поставуваат прашања по избор на Министерството.

– Некои важни иницијативи се одбиваат без аргументација, така што Советот го доживувам повеќе како декор на Министерството и Владата отколку како вистински Совет за реформи. Мислам дека напротив сериозноста на задачата бара многу добро да се размислат чекорите што се преземаат, бидејќи само палијативни, нови крпења на законските прописи, нема да донесат решенија на проблемите како што не донесоа ни досега, бидејќи ние и без да правиме реформи имаме пристојни законски решенија. Но, имаме сериозни други проблеми што уште де факто не сме ги детектирале зошто и како нашиот систем не е резистентен на политичките влијанија, кои се тие канали преку кои се врши притисок врз судството, обвинителството што доведуваат до селективност, политизираност,  истакна проф. Калајџиев.

Додава дека дури и неговата оставка од работата во Советот не била истретирана.

– Значи, никој не ме повика да разговара во смисла на тоа каде се проблемите… Мислам дека оваа реакција вреди најмалку еден разговор. Нас ниту не прашаа кога не назначија, ниту денес не третираат за некои од иницијативите што ги одбиваат да не викнат на разговор, да поразговараме за други проблеми кои ги истакнавме. Ние бевме незадоволни и од, условно речено, техничката страна, не добивме материјал навреме, не бевме информирани каде се некои реформски зафати, не бевме информирани за фидбекот на ЕУ и експертите од таа страна, не бевме информирани за дебатите што се водат и тој фидбек, немавме благовремено материјали за многу работи, немаме влијание врз техничките комисии што почнаа да работат на некои закони, посочи тој.

Калајџиев се пожали дека се чувствува понижен од луѓето во Комисијата на МП кои го ставиле во некои законски проекти за заштита на приватноста, за укажувачите и други, кои не биле негова експертиза и поле на интерес…

– Моето лично убедување е дека има некои чудни центри на моќ кои работат на реформите без транспарентност. Нашето учество таму секако беше базирано и на добра волја и ако не чувствувам дека има добра волја и од другата страна немам ни причина да учествувам, рече проф. Калајџиев.

Посочи дека може да се прифати аргументот на Владата дека ним им требаат некои чекори, некои резултати, во краток временски период за некои политички цели. Меѓутоа, како што додаде, треба јасно да се каже дека тие работи ќе се преземат во таква итна постапка, некои приоритети што ние би ги одбрале како остварливи во тој временски период.

– А за многу други работи треба да се остави многу повеќе простор, да се издебатира, можеби да се истражи. Многу реформи во светот се прават врз основа на неколкугодишни истражувања, бидејќи нас ни е јасно, или мене барем ми е јасно дека само со нови законски решенија во постојните закони нема ништо да направиме, бидејќи ако беше до законските решенија ние веќе имаме добри законски решенија, рече Калајџиев.

Задачата е многу покомплексна, рече тој, додавајќи дека пристапот е палијативен и површен и на подолги стази нема ни да постигне резултати.

Судијата Лазар Нанев ќе го тужи Судскиот совет

Судијата Лазар Нанев ќе го тужи Судскиот совет, зошто како прворангиран и со најмногу бодови во однос на неговите противкандидати, не беше избран за судија во Апелацискиот суд. Ќе чека Советот да му достави образложение зошто иако бил прв, не е избран да суди во повисокиот суд.

Лазар Нанев, судија во судот во Кавадарци:

По доставувањето на одлуката ќе биде поведена постапка за судска заштита пред домашните судови, особено што сметам дека одлуката е донесена како резултат на криминал од омраза и нетрпеливост, а потоа и постапка пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за што веќе имам ангажирано полномошник, кој ќе ги застапува моите права и ќе ја подготви апликацијата“

Но, не е само Нанев незадоволен од изборот на претседатели на судови и унапредување на повисока судска позиција. И судијата од тетовскиот суд Бетим Јахја како најдобро оценет, не беше избран да го води судот во Тетово. Судскиот совет се одлучи за четвртиот на листата, Хасан Асани.

Бетим Јахја, судија во судот во Тетово:

Не е во прашање дали јас како индивидуален кандидат сум оштетен или не. Најважно е да се потенцира дека во конкретниот случај Судскиот совет на РМ отстапува од законски пропишаните услови и критериуми за избор на претседател на суд … и притоа не ја образложува одлуката за избор врз основа на кои услови и критериуми е донесена“.

Освен Нанев и Јахја, непосредно по изборот на нови судии во Апелација и Врховен, како и за претседатели на судови, реагираше и судијката Антоанета Димовска, која не се согласи од изборот на Судскиот совет.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This