ЗАЕВ ПОБАРА ПОДДРШКА ДА БИДЕ ПРВИОТ АЛБАНСКИ ПРЕМИЕР: И ги заборави избрканите Македонци од Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не престанува промоцијата на сепаратистичката идеологија на лидерот на СДСМ и дезертер Зоран Заев aracinovo-selfi

Вечерва во скопско Арачиново, местото каде што голем број Македонци бранители, во 2001 година го загубија својот живот на браникот на татковината, местото од каде што илијадници македонски семејства беа избркани од нивните домови и никогаш не им беше дозволено да се вратат, Зоран Заев како и во Диво Насеље реши дека треба токму со овие луѓе, кои бркаа Македонски семејства и им помагаа на терористите во 2001-ва, да направи селфи.

Овие луѓе со кои сепаратистот и дезертер Зоран Заев прави селфи, насмеан од „шестка до шестка“ пред неколку месеци, освен тоа што ги избркаа сите Македонски семејства од селото, почнаа и со сквернавање на верските објекти на МПЦ.

Црквата Св.Талатеј, неколкупати беше мета на хулигани кои ја демолираа црковната трпезарија и кујна, надгробните плочи на погребани жители Македонци, а сега и фреските и иконите.

https://www.youtube.com/watch?v=q4Zd7T67StI

Иднината на Македонија каква што ја замислува Заев е јасна и недвосмислена. Овие територии кои во 2001-ва година беа жариште на терористите, а подоцна благодарение на СДСМ беа вештачки напумпани со албанско население со цел да добијат двојазичен статус, се териториите за кои сепаратистот Заев има ветено во својата програма дека ќе ги кантонизира, а потоа ќе им даде право и да се отцепат.

zaev-divo-naselje2

Ист е случајот и со Куманово, каде што Заев ден по нападите се фотографираше со јатаците на терористите, кои плукаа и ги исврикуваа Македонските полицајци. Како и Заев, и терористите имале план да го завземат тој дел на Куманово, за подоцна да бараат проширување на Рамковниот договор.

aracinovo-selfi2

Зоран Заев на собраните им вети дека Албанците со него за прв пат ќе добиеле свој премиер. Според него, Арачиново досега само плаќало сметки, а не добивало ништо повратно од централната власт.

На митингот можеа да се забележат низа албански знамиња и на истиот свое обраќање на албански јазик имаше Мухамед Зекири, во кое на присутните им порача дека само СДСМ, а не Али Ахмети и ДУИ може да бидат гарант за исполнување на нивните барања.

Сегашната власт според Заев апсела невини Албанци и Албанки. Тој вети дека ако го поддржат Албанците од Арачиново, ќе ја врател правдата и ќе ги ослободел невините.

Арачиново е само дел од поголемата слика за кантонизирање на околината на Скопје, што на крајот ќе доведе до задолжителен егзодус на Македонци од другата страна на Вардар, но и од населбите како Ѓорче Петров, Карпош, Центар и дел од Кисела Вода!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This