March 28, 2024, 11:49 am

ЗАЕВ ПРИЗНАВА ДЕКА НЕГОВИОТ КЛАН ГО КУПИЛЕ „ГЕРАС ЦУНЕВ“: 100 дена бесрамно лично богатење – за 20.000 евра кланот Заеви купија текстилен гигант

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Место подобар живот за граѓаните во првите 100 дена од Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев видовме само богатење на функционерите во новата Владата. Семејството на Зоран Заев за само 20.000 евра си купи имот од 8000 метри квадратни, тие си купија 22,25 проценти од струмичката конфекција Герас Цунев, компанија која имот вреден неколку милиони евра. Покрај Заев познат е и случајот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој си доби тендер вреден 2,6 милиони евра од ЕЛЕМ.

Братучедот на премиерот, Трајче Заев за само 20.000 евра успеа да купи 22,25 проценти од фабрика која има имот вреден милиони евра хотел, ресторани и дуќани. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека додека сите граѓани макотрпно работат, фамилијата Заеви очигледно ја користат својата моментална која Зоран Заев ја има како премиер на Република Македонија  и под притисок купуваат фирми со минимални суми од 20.000 евра.

-Трајче Заев во само 10 евра за м2 стана сопственик на конфекцискиот гигант Герас Цунев. Знаци по само 10 евра за м2 доби компанија подготвена за работа. Бρатучедот на аболициρаниот κρиминалец Зоρан Заев, Тρајче Заев κупи 22,25 пρоценти аκции од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“, κој поседува индустρинсκи погони и деловни пρостоρии од вκупна повρшина од 7.396 м2 за само 20.000 евρа. Заев пρаκтично κвадρатен метаρ деловен пρостоρ го κупиле за само 10 евρа. Овде од авион се гледа деκа нешто не е во ρед. За 20.000 евρа гρаѓаните не можат да κупат ниту гаρсоњеρа од 25 м2,  а не деловен објеκт и индустρисκи погон, изјави Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

И самиот Зоран Заев во вчерашното гостување на Телевизија 24 самиот призна дека тој и неговото семејство ја користат власта, за нивно лично богатење, додека граѓаните чекаат остварувањена големите ветувања кои тој ги даде пред граѓаните.

-Еден дел од акции се земени, за таа сума, тоа е на берза купување акции и знам дека таму сме малцински партнер, дел од компаниите на моето семејство, изјави Заев вчера.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека со оваа работа треба да се позанимава и Обвинителството, бидејќи граѓаните бараат одговорност за криминалите кои ги прави оваа Влада и тоа уште во првите 100 дена од своето владеење.

-Основното Јавно Обвинителство мора да се позанимава со ваквите матни зделки и да провери како за само 20.000 евра може да се стекне со толку голем имот чија реална вредност е многукратно поголема. Заев е веќе амнестиран за сторен криминал. Никој повеќе не смее да го амнестира криминалот кој го прави кланот Заеви. За ова одговорност мора да има. Кога ќе се промени власт ќе бидат преиспитани сите сомнителни работи што оваа влада ги направи. Граѓаните на Македонија гледаат кој има придобивките од првите 100 дена од работењето на новата влада, кажа Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен „Герас Цунев“, Вице влегол и во бизнис со стоковни куќи, па заедно со Ристо Масев, инаку екс-пратеник на СДС и татко на актуелниот градоначалник на Струмица, пред 20-тина дена ги откупиле и акциите на „Нова Стоковна куќа АД Струмица“, при што Македонската берза констатирала неправилности при превземањето на акционерското друштво, за што и јавно биле опоменати од страна на берзата.

Освен „Герас Цунев“, кланот Заеви влегол и во бизнис со стоковни куќи, па Вуце Заев заедно со Ристо Масев, инаку екс-пратеник на СДСМ, пред 20-тина дена ги откупиле и акциите на „Нова Стоковна куќа АД Струмица“, при што Македонската берза констатирала неправилности при превземањето на акционерското друштво, за што и јавно биле опоменати од страна на берзата.

Зад превземањето на „Нова стоковна куќа АД Струмица“ речиси со сигурност стои некоја матна игра, поради што одборот на директори на Македонската берза, два дена по превземањето на акционерското друштво (22 август) донело и одлука да се изрече и јавна опомена на официјалниот веб сајт на берзата.

-На седницата одржана на 20.07.2017 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на котираното друштво Нова стоковна куќа АД Струмица. Мерката се изрекува заради заради необјавување на содржината на донесените одлуки на Собранието на акционери на друштвото најдоцна до почетокот на тргувањето на следниот ден на тргување после денот на нивното донесување.

Имајќи ги предвид надлежностите на Одборот на директори за спроведување на актите на Берзата, како и постојаните обврски на котираните друштва за известување согласно Правилата за котација, Одборот на директори на Берзата одлучи да постапи согласно член 51 став 1, алинеја 2 од Правилата за котација на Берзата и на друштвото Нова стоковна куќа АД Струмица да му изрече мерка јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, стои во соопштението на Македонска берза.

Доказ дека оваа Влада не мисли на граѓаните, туку само на своите бизнис интереси е и фактот дека освен Заев, до големи заработувачки почнува да доаѓа и вицепремиерот Кочо Анѓушев, бидејќи и тоа доби тендер од 2,6 милиони евра од ЕЛЕМ.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, пренесува Република.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова скандал од сериозни размери. Тие велат дека можеме само да замислеме каков скандал ќе беше пред 1 година доколку владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините вицепремиери добија тендер од ЕЛЕМ во висина од 2.6 милиони евра.

-И малите деца знаат дека ова е скандал од огромни размери. Вицепремиерот во владата на Заев и Социјал-демократскиот сојуз, си додели тендер сам на себе во висина од 2.6 милиони евра. Ние предупредивме уште претходно за ваквите „бонбона бизнис” намери на оваа влада, дека нивната цел е само личниот интерес и личното богатење со парите на граѓаните, а тоа се потврди и изминатите 100 дена. Исто така и предупредуваме дека постои реална и сериозна опасност, преку воведување на либерализацијата на пазарот на струјата, крајната цел да биде милионски профит на фирмите на Кочо Анѓушев. Затоа, уште еднаш го повикуваме надлежното Јавно обвинителство да утврди кривична одговорност за тоа како се влијаело и под кои услови тендерот паднал во рацете на фирмата „Фероинвест“ која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, изјави Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This