ЗАЕВ САКА ДА ИЗБЕГА ОД ОБВИНЕНИЈАТА: Оттаму и заплашувањата до судиите дека ќе имало генерален реизбор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека целта на изјавата на неговиот политички опонент од СДСМ Зоран Заев за промени во судството  е заплашување на судиите и заштита од постапките коишто се водат против него.  Не смее да се случи, истакна Груевски, повторно да завладеат со судството од партиска позиција.
gruevski-2

-Многу е јасно  и од авион се гледа дека идејата е да се направи прво заплашување на судиите, а веројатно  во глава има некаква промена со цел да се заштити себеси од постапките коишто се водат против него. Под плаштот дека сака да направи реформи сака во најмала рака да ги заплаши судиите,  а доколку има некаква можност да направи некакви промени за неговите пријави коишто се полни со докази да останат нерешени или пак да бидат решени во негова полза, изјави Груевски кој денеска беше во посета на Кратово каде пред петнаесетина дена во употреба беше пуштена спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“.

Тој потсети дека СДСМ има долга историја на, како што кажа, крупни партиски влијанија во судството.

-Во 1996 година во еден ден назначија 600 судии во Парламентот  во услови кога опозицијата не беше во Парламентот.  Во еден ден сите 600 судии беа изгласани исклучиво по партиска линија, по ургенции  на партиски луѓе или одлука на партиски штаб. Потоа во 2002 година дојдоа на власт по четири години во опозиција, извршија брза измена на Законот за судски совет, го сменија Судскиот совет и започнаа нова тура притисоци и партизирање на судството кое што го направија крајно партиско. Сега зборуваат повторно за некакви нови промени на судиите инспирирани од желбата да се сопрат  постапките што се водат против нив. И како второ да завледеат повторно со судството од партиска позиција. Тоа не смее да се случи во Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што истакна, реизбор на сите судии е невозможен затоа што Законот за судии е двотретински и ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи за реизбор на судиите.

– Секоја друга замисла да се стави партиска капа, партизирање на судството  од страна на СДСМ ќе наиде на жестока реакција кај ВМРО-ДПМНЕ, а верувам и кај граѓаните. Не е во ред секое мнозинство во налет на доаѓање да менува судии, да заплашува судии, да се заканува со реизбор на судии за да си остварува свои цели. Да ги заплашува судиите и на тој начин да издејствува некакви одлуки во судството што тие ги посакуваат кога направиле одредени кривични дела и сакаат тоа да помине без казна, рече Груевски.

Тој е дециден дека таквото нешто не треба да се дозволи и оти таа пракса на СДСМ мора да запре. Тоа, како што потенцираше Груевски,  не е реформа, тоа е антиреформа.  И тоа е нешто со кое што се сака да се партизира судството.

–Во најмала рака ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите затоа што за тоа е потребно двотретинско мнозинство, рече Груевски во Кратово.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This