ЗАЕВ ЈА ВОДИ „ОФАНЗИВАТА“ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД МПЦ: Заев побарал признавање на црквата, Синодот на МПЦ потпиша дека ќе го избрише „Македонска“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамки на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија, соопштија од Вселенската патријаршија, откако добиле барање и писмо од македонскиот премиер.

Ова барање Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледало на вчерашниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

„Беше разгледано барањето на расколничката црква во Скопје, барање поддржано и преку писмото на премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската Патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија и одлучи да се разгледа и да го стори тоа што треба врз основа на условите, што не можат да се прекршат, на историските и канонските надлежности и прерогативите на Вселенскиот патријарх“, соопштуваат од Вселенската патријаршија.

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како рамноправна црква во православниот свет. Писмото било испратено пред едсен месец.

Писмо испратиле и од синодот на МПЦ-ОА, во кое членовите на синодот се потпишале на согласност за бришење на „Македонска“ од името на МПЦ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This