ЗАЕВ ЈА ТРАНСФОРМИРА МАКЕДОНИЈА ВО ТЕРОРИСТИЧКА ДРЖАВА: Уште еден терорист на ОНА на висока функција во Министерство за правда!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По државниот удар во организација на СДС со цел поставување на еден терорист на чело на Собранието, кога на 27 април нелегално Талат Џафери алијас. Командант Форина беше прогласен за претседател на парламентот, поради стабилност во тенката коалиција, Зоран Заев подели низа високи функции на поранешни активни терористи на ОНА и УЧК, но и сегашни активисти на екстремистичката организација

 

Така, по поставувањето на Командант Форина на чело на Собранието, Зоран Заев реши вицепремиерското место да му го додели на Хазби Лика, инаку командант на 112 бригада на ОНА, и човек за кого се претпоставува дека заедно со Талат го организирале масакрот кај Карпалак.

Веднаш потоа, Заев го најави и министерот за животна средина, Садула Дураку алијас. Командант Вентили познат по терористичката акција на ОНА кога во текот на 2001-та беа затворени вентилите на Липковската брана што предизвика хуманитарна катастрофа во Куманово.

Освен овие неколкумина познати терористи кои никогаш не се соочија со правдата, владата на Зоран Заев назначи голем број на бивши борци на ОНА од ДУИ и Алијансата на Зијадин Села на високи функции во владата. За перверзијата да биде поголема, на местото вицепремиер за европски интеграции е поставен Бујар Османи од ДУИ на командантот Ахмети, кој сега ќе биде главен актер во промената на името на државата.

Најсвеж пример во низата е поставувањето на државниот секретар во минстерството за правда Зулфи Адили.

Во својата биографија, покрај факултетот, Адили гордо ја навел и неговата активност како член на терористичката ОНА – УЧК, додавајќи дека бил член на Генералштабот на ОНА во периодот на конфликтот во 2001-та година.

Потоа додал дека бил и основач на ДУИ, а подоцна се предомислил па се префрлил во „Унитети“ која денес е дел од Алијанса за Албанците.

Заев, и овој екс-терорист го постави на висока функција на барање на Зијадин Села поради тенкото мнозинство од само еден пратеник во Собранието, поради што СДС мора да ги исполнува уцените, ако сака да ја задржи владеачката позиција.

 

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This