ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ И БЕДНО ПЛУКАЊЕ ПО НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ: Како СДСМ ја замислува слободата на говор и демократијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општо е познато дека во главата на опозициониот т.н. колумнист Бранко Тричковски одамна нема ред и мир. Човекот ужива да биде „скандалозен“ и етикетиран како непријател на власта и во таа своја бескрајна желба за таква слава, во суштина е крајно мизерен, злобен, гневен, полн со навреди и низа други особини кои се дегутантни за едно човечко битије – ова се најчестите коментари кои може да се субилимираат од читателската публика како реакција на пишувањата на опозиционерот Тричковски.

akt219-sdsm-3

Во својот најнов текст наречен „Политичката лепра на на Никола Груевски и ВМРО“ Тричковски најпрво се подбива со православните верници кои на 19 јануари го славеа големиот празник Богојавление, упатувајќи и низа клевети кон црквата која според него ги помагала насилните и безобразните, а немала сочуство за болните, воздржаните и пристојните, бидејќи тие не го фаќале крстот.

Потоа Тричковски крајно безобразно 455 илјади гласачи кои ја дале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува „Македонци со тешкооштетен разум“, и бара од Заев да ги прифати сите точки од платформата на албанските партии. За Тричковски е подобро да се променат знамето, химната, државниот грб, Уставот, да се воведе двојазичност и да започне воведот во кантонизација на Република Македонија само за да не биде ВМРО-ДПМНЕ на власт, бидејќи за ВМРО гласаат „луѓе со тешко оштетен разум“.

Тој одамна ужива кога кон македонскиот народ се обраќа со погрдни зборови. Впрочем тука е на линија со Стево Пендаровски кој Македонците кои не го поддржуваат ги нарече стока во бачило, Бранко Героски гласачите на ВМРО ги наслика на насловна на „Слободен Печат“ како стадо овци, а активистот на СДСМ/Сорос и поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права Мирјана Најчевска за Македонците кои гласаа за Ѓорѓе Иванов имаше порака дека се нискоинтелигентни слепци. Најчевска која како врв на иронија водеше организација која наводно се грижи за човековите права, не го почитува основното право на слобода на размислување и говор, па сите кои не се согласуваат со нејзините и ставовите на СДСМ/Сорос ги нарекува уште и „глуперди и неделкани цепаници“.

Сите тие се со иста матрица на опозицијата – ќе се урла и вика дека нема демокртија и слобода (на говор), па секој кој нема да се согласува со вас ќе го навредувате на невиден начин. Впрочем, ова се смерници од врвното раководство на СДСМ. Заев навредуваше новинари со најпогрдни збороиви, Петре Шилегов за Македонците пишувал дека се будали, а Љубомир Фркчовски алудираше дека поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се толпа која не се одликува со капацитет за мислење. Јавна тајна е дека Саше Политико кој на неговиот Мактел користи речник за кој треба да биде предмет на психијатриско вештачење и присмотра, е финансиран од СДСМ, поточно лично од семејството Заеви.

Кога е во прашање денешниот „херој“ Тричковски, јавноста најмногу му памети кога после смртта на македонските херои во Диво Насеље им порача смрт на припадниците на безбедносните сили кои се бореа против терористите:

trickovski_svinja

„Полицајците кои денеска не успеаја да загинат во служба на Големиот идиот, ќе имаат можност да се ослободат од усраните животи во првата наредна прилика“, пишуваше тогаш активистот и колумнист на СДСМ/Сорос, Тричковски.

Ова не е единствен пат Тричковски јавно да пишува за смрт на полицајци. На 12 јули минатата година излудениот колумнист на СДСМ во статус раскажуваше негово сценарио во кое полицајците кои го бранеле штабот на ВМРО-ДПМНЕ требало да бидат убиени и да се фрлаат на куп пред „Палома Бјанка“.

trickovski-paloma-bjlanka

Ваквите нечовечки и криминални ставови на Тричковски никогаш не ги спречило соросовите медиуми мегафони на СДСМ како „Плус Инфо“ на Бранко Героски и „Либертас“ на Ацо Кабранов редовно да му ги пренесуваат текстовите. Героски покрај Тричковски редовно му доделува простор и на расколникот колумнист Давид Нинов од антимакедонската црква на Вранишковски, со што може да се каже дека држи и линија на анти-македоннизам односно се етаблира како портал во кој гневни луѓе ќе ги лечат своите фрустрации плукајќи врз државата и нејзините институции.

Меѓусебната поддршка не завршува тука. Уште еден гневен колумнист и пара-аналитичар на СДСМ, кој е редовен декор во сите емисии на СДСМ-овските телевизии, се солидаризира со Тричковски, нарекувајќи го „македонскиот Шарли Ебдо“. Ова не е прв пат Сашо Ордановски да не знае што зборува, откако пред повеќе од 12 години беше изложен на јавен блам затоа што предвиде дека „за 2-3 години интернет мрежата ќе престане да постои“.

Инаку Ордановски потекнува од фамилија која е позната по доста голем процент на „тричковизам“ во својата ДНК – неговиот брат Ванчо Ордановски своевремено на твитер на неистомислениците им порачуваше:
„Да ви ги убијат децата, фамилијата, да ве снема, ѓубриња дегенерирани вмровски! Каде се поплави, вулкани и земјотреси кога ни требаат!“. За Ордановски, Македонците кои гласаат за ВМРО се и дегенерици, полу-луѓе, убијци, малоумни изроди за кои треба да се фрли нуклеарна бомба и ќе работи на сотрување на семето на сите поддржувачи на ВМРО.

ordanovski-vanco-520x924

Знаејќи го ова не е воопшто чудно што Ордановски му се восхитува на Тричковски. Еден од луѓето кои сакаат да се нарекуваат интелектуалци од СДСМ, професорот Мирослав Грчев кој во последно време е познат и како слуга и соучесник во сомнителните дејствија на Катица Јанева и СЈО, пред извесно време го поддржа говорот каков што го практикуваат активистите, членовите и функционерите на СДСМ.

„Политички коректниот говор и со осудата на говорот на омразата, практично ние ја нормализираме диктатурата, ја шминкаме, ја правиме нормална, пристојна за живеење. Јас сум за говор на омраза и сум против политичка коректност“, рече Грчев во „Топ тема“ на Телма.

Она што е најтрагикомично и апсурдно е што истиве луѓе кои безочно ги вреѓаат сите разномисленици, ги напаѓаат без аргументи и со многу гнев и бес, само затоа што не им е возвратено, велат аналитичарите кои ги консултиравме, „утре“ ќе се првите кои ќе „плачат“ дека немало слобода на говор, имало режим, диктатура и слично, користејќи ги веќе досадните празни фрази со кои тие се претставуваат како угнетени, а реално се најголемите угнетувачи кои се водат по библиската: „најголемиот трик на ѓаволот е да ги убеди луѓето дека не постои“. Така и пљукачката ергела на СДСМ/Сорос се надева дека ќе ги убеди граѓаните дека не постојат, дека тие се жртви, а не оние кои бараат крв.

Резултатите од последните избори гарантираат дека оваа нивна приказна е одамна прочитана и не проаѓа.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This