ЗАПЛЕНЕТИ ТЕЛЕФОНИ КАЈ ПРИТВОРЕНИТЕ ЗА 27.АПРИЛ: Кој измислува „комуникација“ помеѓу притворениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет или шест телефони биле запленети од притворениците во врска со настаните на 27. април во затворот „Шутка“, пренесе Дојче Веле на Македонски,  додавајќи дека од неофицијални извори дознале која била комуникацијата

Станувало збор за најмалку пет-шест телефонски апарати внесени во различни периоди. Сите биле одземени, доставени до надлежните органи и испратени на вештачење. Неофицијално, телефонски апарати биле најдени кај пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ексначалникот во МВР, Оливер Поповски, член од обезбедувањето на Трајко Вељаноски и други лица – пишува „Дојче Веле“.

Според германската новинска агенција, на телефоните била пронајдена комуникација помеѓу пратениците и функционерите на опозициската партија, од која може да се забележи дека постоела огорченост и гнев кај притворениците.

„Според првичните сознанија, дел од притворените преку тие телефони оствариле интензивна комуникација со партиски и други лица за околностите поради кои се во притвор, што би можело да обезбеди серија дополнителни докази во постапката за настаните од 27-ми април. Во интерес на истрагата засега не се откриваат други детали, освен дека дел од разменетата комуникација покажала дека притворените не го криеле гневот дека се изневерени, и додека тие се во притвор, други спокојно си седат во фотелји. “ – стои во текстот на „Дојче Веле“.

Од опозициската партија пак, коментираат дека информациите изнесени во медиумите не се точни, додавајќи дека партијата со сите свои ресурси стои позади неправедно притворените пратеници и функционери, во политички монтиран процес.

Како што велат, со сите случаи е запознаен и лидерот Христијан Мицкоски, кој приоритет дава токму на тоа пратениците побрзо да бидат ослободени од притисокот на политичката хајка која се води кон припадници на ВМРО-ДПМНЕ.

Експертите пак додаваат дека е практично невозможно никој, кој не е овластен во истрагата и вештачењето на запленетите телефони да знае каква била содржината на пораките, особено не новинари. Сепак, не ја исклучуваат можноста некој намерно да нарачува текстови со кои ќе се влијае врз монолитноста на партијата. Додаваат и дека не е непозната пракса на СДСМ и нивната власт да ги користат ресурсите на државата во прислушкување на опозицијата, а потоа да брифираат или да манипулираат со јавноста преку новинари блиски до партијата.

Она пак што го дознава „Инфомакс“ од судските кулоари е дека ваквата „афера“ е измислена со претходно утврдена цел.

Имено, судиите надлежни за предметите, односно жалбите на притворените пратеници и функционери на опозицијата, добиле и директни закани од Зоран Заев кој преку свои „пратеници“ биле пренесени лично на надлежните судии.

Заканите се однесувале на одлуката по жалбите за ослободување на притворените од притвор, кои Заев барал да бидат отфрлени. Оттаму е и кампањата на медиуми блиски до власта да креираат таква атмосфера пред носењето на одлуката.

Меѓу другото, дел од оние кои притискале за отфрлање на жалбата биле и советници вработени во една од најголемите амбасади во државата.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This