ЗАПОЧНА „ОТСТРЕЛОТ“ НА ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ: „Слободен печат“ прогласи 200 интелектуалци за заостанати и предавници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Еве не’ на насловна страна на Слободен печат кој добил дозвола слободно да пука“ – напиша професорката Билјана Ванковска на својот ФБ профил, откако на насловната страница на весникот „Слободен Печат“, инаку сопственост на советникот за медиуми на Зоран Заев од Србија и сопственик на српски „Курир“ Александар Родиќ, на насловната страница осамнаа имињата на 200 интелектуалци кои повикаа да се стави крај на преговорите

„Слободен Печат“ во кој уредник е еден од најгласните провладини новинари Бранко Геровски, доби „дозвола за убивање“ но и нарачка за отстрел на сите кои имаат намера да се спротивстават на намерите на оваа влада во спорот околу името со Грција.

Имено, на насловната страна на весникот, 200 интелектуалци од Македонија кои се потпишаа на иницијативата за прекин на преговорите, беа прогласени за манипулатори и за луѓе кои ја загрозиле иднината на Македонија, со тоа етикетирајќи ги како предавници и интелектуално заостанати личности.

„Еве не’ на насловна страна на Слободен печат кој добил дозвола слободно да пука (license to kill) 🙂 Не’ омаловажуваат, ама не можат да не’ игнорираат. Сега сме им погодни како потенцијални “виновници” за лошо водениот процес и неуспех.“ – напиша професорката Ванковска на нејзиниот ФБ профил.

Реагираше и екс-пратеничката Солза Грчева која е меѓу потпишаните. Грчева објаснува дека дел од оние кои денес ја плукаат, и го „исчашиле рамото од тапшање“ кога им требало.

„Почнаа веќе со лични навреди, лаги и спинови да черечат личности од списокот. Некои од напаѓачиве, професорчиња од нашето маало, работеa порано со мене. Абе, безгласни бубашваби. Ми го исчашија рамото со години од удирање во стилот: браво Солза, само ти можеш да им кажеш во лице. А тие во дупки се криеја и ползеа пред декани, ректори, итн.

Тоа само ми потврдува колкава незрелост, колкаво лигавење можат да си дозволат разни троглодити кои прикачени на дното на бродот кој тоне, никако не можат да видат во што ги носат. Ниту пак им е јасно дека нивниве газди тргнале да преговараат, не за зелки и домати, туку за цела една нација. Да знам дека имаат срам од нешто, ќе им порачав: засрамете се! Но, ни тоа не вреди. IGNORE“ – напиша Грчева.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This