March 29, 2024, 11:09 am

ЗАПРЕНИ КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ: Заев и Тевдовски да одговорат зошто се намалени капиталните инвестиции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и Драган Тевдовски повторно сакаат да ја изманипулираат јавноста, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на денешната прес-конференција на премиерот и министерот за финансии.

Оттаму истакнуваат дека наместо празни зборови, владините функционери треба да ги исполнат своите ветувања за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Заев и Тевдовски се пофалија за реализацијата на капиталните инвестиции за 2017 година, но повторно не одговорија на прашањата зошто крупните капитални инвестиции беа запрени или не беа пуштени во употреба. Автопатската делница Демир Капија – Смоквица повеќе од 6 месеци е завршена, а граѓаните и туристите немаа можност да ја користат. Автопатските делници Скопје – Штип и Кичево – Охрид беа во прекин на градба повеќе месеци“, наведуваат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од пратијата истакнуваат дека после неколку години БДП во Македонија доживеа пад.

„Македонија во првите 3 квартали имаше пад на БДП од 0,4%, додека пак бруто инвестициите се намалија за над 9.5% во третиот квартал од 2017 година. За првпат во Македонија, во третиот квартал НБРМ регистрираше одлив на странски инвестиции за околу 50 милиони евра.  Под водство на Драган Тевдовски, министерството за финансии стана рекордер во задолжување и трошење на девизните резерви. Македонија изминативе 7 месеци се задолжи за над 730 милиони евра, од кои потрошени се над 230 милиони евра од девизни резерви“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму предупредуваат дека со владеењето на СДСМ малото и средното стопанство во Македонија стагнира и дека голем број на мали фирми и претпријатија се пред затворање.

„Заев за волја на вистината повторно пробува да се кити со туѓи перија како и секогаш. Тој се пофали за 96% за искористеност на ИПА фондовите, од кои Заев заборави да напомене дека над 90% беа искористени во времето на ВМРО-ДПМНЕ од програмата 2007-2013, средства кои почнаа да се користат во февруари 2008, а заврши на крајот од декември 2017“, наведуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека изминативе неколку месеци најпогодена категорија на граѓани биле земјоделците.

„Погубните политики на СДСМ ги примораа земјоделците својот род да го фрлаат или да го оставаат да скапува на нивите. Немаше откуп за нивниот производ, а поддршката од Владата на Заев никаде ја немаше“.

Оттаму исто така наведуваат дека најголемото ветување на Заев и Тевдовски, како што велат, испадна само еден голем маркетиншки трик.

„Пред изборите во октомври месец тие ја воведоа евтината струја, за после избори да најават нејзино укинување. Граѓаните повторно беа излажани. СДСМ и Заев единствено удрија по џебот на секој граѓанин. Од први јануари е зголемена акцизата за нафта за 3,5 денари по литар. Ова е голем економски удар за превозниците, земјоделците, но и секој обичен граѓанин“, зклучувато од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This