ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ: Континентот веќе почнал да се дели на два дела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако дури за милион години Африка би можела да остане без својот источен дел, поради делењето на континентот, оваа природна појава веќе сега предизвикува проблеми.

Геолошкиот процеп на “источниот рог”, кој еден ден ќе биде исполнет од океан, се шири многу побрзо отколку што научниците претпоставиле.

Поради тоа кенискиот автопат Маи Махиу се урнал кога под него се појавила пукнатина, соопштила Кениската национална управа за авто-патиштата.

Во процепот влегла вода, а дополнително ја влошуваат ситуацијата и помалите пукнатини во земјиштето.

“Големиот процеп ја двои Африка на две плочи. Востановивме дека сомалиската плоча се одвојува од остатокот од континентот со брзина од 2,5 центиметри годишно. Доколку овој тренд продолжи, сомалиската плоча ќе продолжи да се одвојува до нубијската плоча, што би можело дополнително да ја загрози постоечката инфраструктура и безбедноста на населението”, рекол геологот Дејвид Адеде.

Научниците ќе продолжат да работат на проучувањето на оваа појава, за да можат да ја советуваат владата во врска со најбезбедните места за градење на патишта и куќи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This