ЗАТВОРЕНИЦИ БЕГААТ ОД ПОЛИЦИЈАТА: Уште една неуспешна акција на партиската полиција на Спасовски – затвореник избегал на „Алфите“ предводени од Примислав Димовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во акцијата имало вклучено инспектори за дрога и оружје, како и полициски специјалци.

Затвореник бегалец од затворот Идризово, денеска успеал да избега во полициска акција организирана за негово апсење, дознава „Нетпрес“.

Во акцијата имало вклучено инспектори за дрога и оружје, како и полициски специјалци.

Од СВР Охрид, не сакаа да дадат информации за акцијата, со обрзложение дека се’ уште се преземаат мерки, но, не потврдија за што се работи. Најавија детали за утре.

Според нашите информации, станува збор за затвореникот Орце Миленковски, кој на 15 декември 2016 година избега од затворот Идризово.

Тој, заедно со уште еден затвореник, Бедри Ковачи, го земал како заложник чуварот Љубе Димитров, од просториите на затворската болница, која функционира во рамките на болницата „Мајка Тереза“. Затворенииците го киднапирале чуварот и со неговото возило го однеле до Горно Нерези, потоа избегале.

И двајцата затвореници, се осудени за тешки кривични дела. Бедри Ковачи е осуден на 16 години затвор, за носење оружје без дозвола, дрога и киднапирање, а Орце Миленковски е осуден на 17 години и 2 месеци, за убиство, носење оружје и дрога.

 

Минатата година, додека Оливер Спасовски беше технички министер од затворот во Идризово избегале дури 83 лица, кои никогаш не се вратени назад. Помеѓу овие се и Орце Миленковски и Бедри Ковачи, кои избегале на непрофесионалната полиција поставена од Спасовски и неговите партиски војници во „Алфите“, предводени од Примислав Димовски.

Ова не е прва акција на Спасовски која се претвара во катастрофално фијаско на полицијата. Мината година Спасовски организираше акција во кумановско, барајќи мигранти кои биле пренесени од косовска страна.

По неколку часа, кренати хеликоптери, специјални единици, оклопни транспортери и преку 1000 полицајци, Спасовски не најде ништо.

Подоцна, како што објавивме и претходно според полициски извори, неуспешната акција всушност била спроведена против терористичка група која во кумановско влегла со голема количина на вооружување, но откако им биле исполнети условите од страна на Заев и Спасовски се разотишле, а полицијата беше вратена дома. И скапо платена, секако.

Со ова се урива и угледот и професионалноста на полицијата, која од две спроведени акции под раководство на СДС нема ниту една успешна. Секако, ако не ги сметаме акциите во кои полицијата на СДС покажува сила врз неистомисленици како во случајот со апсењето на Љупчо Палевски, или пак пукањето во деца во Струмица.

Сериозните акции пак, речиси никогаш не им се успешни. Според експертите, тоа е резултат на бруталната партизација на полицијата, каде во само еден ден се поставуваа и по 800 старешини, кои беа назначувани на две-три па дури и шест места повисоко, спротивно на законот за полиција и кариерно напредување.

Поставувањето на довчерашните сменоводители за началници и командири доведува до тоа, полицијата погрешно да биде информирана, а тоа комбинирано со недоволниот капацитет за организирање на добар план и во однос на човечките но и во смисла на делување на терен, предизвикуваат кататрофални проблеми за граѓаните на кои им е загрозена безбедноста.

Впрочем, последен пример за неспособноста на полицијата беше и убиството на Дилавер Бојку во Струга, на полна плажа, а полицијата немала никакви информации дека такво нешто се планира.

 

 

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This