ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА: Зошто Србија и е на мета на Македонија, ако другите соседи ја расцепуваат?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американските методи на прислушкување, преку Скопје започна со намалување на влијанието на Русија во Србија. Смирувањето на политичките тензии е само затишје пред бура. Дали со враќањето на српските дипломати во Скопје е ставена точка на потенцијалните инциденти Белград-Скопје, или ова е само затишје пред бура? Скопје и новата влада на Зоран Заев се чини веднаш по доаѓањето на власт отворија фронт кон Србија, иако за тоа немаа причина, бидејќи Србија е единствен сосед на Македонија кој нема територијални претензии кон неа, како Бугарите, Грците, Албанците… – пишува Спутник

© AP Photo/ Boris Grdanoski

Наталија Ивчева, политиколог од Скопје, за Спутник вели дека промената на односите помеѓу Македонија и Србијас е случила со промената на власта во Македонија – пренесува Спутник.

„Ако имаме во предвид дека оваа Влада дојде како што дојде, без народна волја, без победа на избори, туку по желба на странците, тогаш можеме да гарантираме дека и ова нарушување на односите е само дел од сценариото кое се спроведува во Македонија. Кога велам сценарио, мислан на се она што треба да се заврши, односно се она што му смета на американскиот став во врска со Балканот. Секоја политика на Балканот која не е во согласност со тоа, според американското мислење треба да го доживее она што го доживеа Македонија. Она што се случи кај нас треба да се случи и кај вас (во Србија)“, изјави Ивчева за Спутник.

Таа додава дека на Македонската јавност и е јасно кој е и што е нивниот премиер, бидејќи ги прифати сите услови, посебно од Албанците, за да дојде на власт, па дури и Македонија да го загуби своето име и својата територија. Заев, истакнува таа, верува дека е толку добар играч што сценариото кое го спроведува во Македонија, можеби може да биде применето во Србија.

„Ова што сега наизглед односите се враќаат во нормала е само затишје пред бура. Не е точно дека ништо не е нарушено во односите“, вели Ивчева во изјава за Спутник.

На прашањето зошто Белград, така да се изразиме, е мета на скопската политика и колку во сето тоа има влијание Америка, како и дали во позадина на сето тоа се наоѓаат добрите односи помеѓу Србија и Русија кои некој сака да ги наруши, Ивчева го вели следното:

„Американците и НАТО своето расположение го покажаа со бомбардирањето на Србија. После тоа јасно е дека тие не можат туку така, директно да ја изразат својата политика во врска со Србија, како што можат кај нас, или како што можеа во Црна Гора. Мисам дека прислушкувањето, познат американски метод кој го применуваат, се обидуваат системот на Вучиќ во Србија да го заменат со нивни играч со што би го спровеле она што го сакаат само поради руското влијане за кое се плашат дека е големо во Србија“, нагласува соговорничката за Спутник.

Таа потсетува дека Американците највеќе се плашат дека во Македонија ќе „преовлада“ руското влијание и токму поради тоа беше наметната политичката криза во Скопје. Ивчева за Спутник нагласува дека опасноста во тоа е што тој страв не се однесува само на Македонија, туку и на целиот Балкан.

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This