ЗАШТИТЕТЕ ГО ЛИЦЕТО НА СТУДОТ: Хидратација на кожата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ладните зимски денови освен што предизвикуваат појава на симпатични “црвени“ обравчиња на лицето, сѐ почесто се причина за појава на непријатна затегнатост и сувост на кожата, а во екстремни случаи распукување, лупење, чешање, црвенило, па дури и појава на егзема.

Нега на лицето

Кожата на лицето е најизложена на надворешните влијанија и потребна е посебна нега и внимание. Избегнувајте сапуни, пилинзи и маски на база на глина кои имаат својство да ја извлечат водата од кожата. Лосионите кои содржат алкохол покрај нечистотијата ги отстрануваат и природните масти.

Употребувајте млеко за чистење, лосиони без алкохол или мицеларна вода со благи пенители кои ќе ја отстранат нечистотијата на лицето, а истовремено ќе ја хидрираат кожата на лицето.

По чистењето на лицето, особено важен чекор е употребата на квалитетен хидратантен крем. Изберете производ кој дејствува длабински и овозможува долготрајна хидратација на кожата.  На тој начин се спречува губитокот на вода, се зголемува хидратацијата на кожата за 60 пати и има долготраен ефект.

Нега на телото

Негата на кожата на телото е подеднакво важна и покрај тоа што не е директно изложена на надворешниот студен воздух. Избегнувајте туширање со многу топла или жешка вода.  Повеќето средства за туширање ги отстрануваат природните масти во кожата кои се неопходни за мека и природно хидрирана кожа. Отстранување на природните масти од кожата доведува до нејзино прекумерно сушење. Поради тоа, побарајте производи за туширање кои содржат благи пенители, кои ефикасно ќе ја отстранат нечистотијата од кожата, а истовремено ќе ги зачуваат природните масти во кожата и ќе спречат нејзино пресушување.

По туширањето, особено е важно телото нежно да се помине со чист пешкир, кој ќе ги впие капките вода од површината на кожата. Не се препорачува силно триење на кожата со пешкир. Веднаш се нанесува хидратантно или хранливо млеко за тело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This