„За заедничка Македонија“: Разноразни т.н. тврдокорни групи упорно се обидуваат со недоличен говор и однос да ги навредуваат етничките заедници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Разноразни т.н. тврдокорни групи упорно се обидуваат со недоличен говор и однос да ги навредуваат етничките заедници во Македонија, со крајна цел да бидат поистоветени со Граѓаните за Заедничка Македонија, се вели во Фејсбук статусот на Граѓанската иницијатива.

17629664_606258496249966_2291487716761190090_n-640x640

Ваквите обиди на оваа група за која и Зоран Заев се пофали дека имал средба со нив ги сметаме за ништо повеќе од провиден обид да се фрли сенка врз нашата иницијатива која има определени цели и идеали дијаметрално спротивни од недоличните зборови, подбуцнувања и закани кои ги упатуваат групите кои состанчат со Заев и закажуваат протести на места на кои сме секој ден, се со гореспоменатата цел.

Ние сме за Заедничка Македонија во која рамноправно и достоинствено ќе живеат сите граѓани. Мултиетничко, а не бинационално општество до кое водат ваквите т.н. “тврдокорни” изливи на недоличност кои ги осудуваме.

Нема да дозволиме разнебитување на духот на народот и позитивната енергија со која зрачат луѓето кои ја сакаат оваа земја и ги почитуваат своите комшии. 34 дена достоинствено и домаќински повикуваме кон нашите цели и тие им се добро познати на сите граѓани. Затоа одзивот е голем, се поголем и поголем и затоа остваруваме победи.

Диверзантските групи кои после состаноците со Заев се трудат на секој начин да фрлат дамка над нашата демократска и достоинствена борба веќе се препознаени и нема да успеат.

Ги повикуваме сите чесни патриоти да не дозволат да бидат изманипулирани од ваквите групации со зли намери. Местото на секој кој сака Заедничка Македонија му е меѓу нас. На ксенофобите и шовинистите местото не им е меѓу нас.

Повеќе сме. Неброено многу повеќе. И ќе победиме со заедништвото против оние кои сакаат минирање на ова најголемо граѓанско движење преку проѕирни обиди за подметнувања и манипулации.

 

Ваквата реакција на „За заедничка Македонија“ доаѓа по ФБ статусот на таканаречените Тврдокорни.

тврдокорни

За оваа групација медиумите веќе пишуваа дека се инсталација на таканаречената десница, која одработува за СДСМ и Заев.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This