April 25, 2024, 10:39 am

ЗА ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА:На жените во Саудиска Арабија ќе им биде дозволено да возат автомобил од следниот месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 24 јуни, за првпат во историјата, жените од Саудиска Арабија ќе можат да возат автомобил во кралството. Забраната жените да управуваат со возило со години наназад беше симбол на угнетување на припадничките на понежниот пол.
„Сите мерки жените да започнат да возат во кралството се преземени“ – изјавил Мохамед ал-Басами, Генерален директор на Одделот за сообраќај.

Секоја жена со навршени 18 години ќе може да аплицира за возачка дозвола, а во пет градови се отворени авто-школи за жени. Инструкторите ќе бидат жени од Саудиска Арабија, кои се стекнале со возачка дозвола во странство.

Забраната жените да возат беше тргната во септември 2017 година со кралски декрет потпишан од принцот Мохамед бин Салман.

Првиот протест за прекин на оваа забрана се одржал во 1990 година, кога 47 жени возеа низ главниот град Ријад. Иако најголем дел од нив беа уапсени, а некои ги изгубија своите работни места, протестот поттикна сè повеќе жени да се борат за истата цел.

„Од тој ден наваму, саудиските жени се бореа за право да возат и тоа конечно пристигна. Чекавме долго време“ – рекла една од активистките.

Саудиските лидери честопати низ годините истакнуваа дека во саудиската култура е непристојно жените да возат и дека машките возачи не би знаеле како да се однесуваат доколку до нив во автомобилот би седела жена. Други тврдат дека дозволата жените да возат би довела до промискуитет и колапс на саудиското семејство. Трети пак, неосновано тврдат дека возењето ги оштетува женските јајници.

Забраната долго време го нарушуваше имиџот на Саудиска Арабија на меѓународната сцена.

Со новата одлука, државата се надева дека ќе си го подобри меѓународниот имиџ и дека ќе ѝ помогне на економијата преку зголемување на учеството на жените на пазарот на трудот, давајќи им ја неопходната мобилност.

Принцот Мохамед бин Салман оваа година се најде на листата на 100 највлијателни личности на светот на „Time“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This