ЗА ПРВ ПАТ ВО 27 ГОДИНИ ИМАМЕ УБИСТВО НА КАНДИДАТ: Заплашувачкото однесување од страна на власта имаше влијание на изборните резултати!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најпрво би сакал на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам овој државен празник 23 октомври. Формирањето на Македонската револуционерна организација е темелот за создавањето на македонската држава, која што денес имаме благодет да ја живееме и да ја унапредуваме, изјави Антонио Милошоски во интервју за телевизија Нова.

Како што кажа Милошоски, тој мисли дека е многу недостоинствено што се укинала наградата 23 октомври како државна, бидејќи овој празник, формирањето на револуционерната организација за македонска држава е празник кој што треба да обединува, исто како што обединува 11 октомври, Илинден и многу други светли празници во македонската историја.

-Но, тоа говори за идеолошкото и партиското делување сегашната актуелна Влада, која што за жал не секогаш е во склад со националните интереси. Но, како и да е, празници или наградите може некој да ги укине, но за брзо време, се е менливо, некој друг брзо ќе ги востанови, бидејќи овој празник и награда за државност и за револуционерната организација е празник кој што заслужува да се чествува се додека постои Република Македонија, изјави Милошоски.

Тој кажа дека тие како политичка партија која чувствува дека има капацитет да биде алтернатива на сегашната Влада, за скоро време ќе најдат начини како овој празник и свечено да се одбележува и државната награда повторно да се доделува. Милошоски во интервјуто се осврна и на локалните избори, на кои во недела се одржува вториот круг.

-Очекувавме подобар резултат, сметам дека имаше неколку фактори кои што влијаеа на овој резултат. Прв фактор како една инерција од претходните избори. Вториот факт е и дека имаше одредени неисполнети очекувања или од одредени потези на ВМРО-ДПМНЕ, што можеби кај дел од нашите поддржувачи, симпатизери или членови не оставија доволно силен впечаток за да бидат ангажирани како што биле претходно. И третиот неодминлив факт е заплашувачкото однесување од страната на власта, мешањето на државата со партијата по секој основ, изјави Милошоски.

Тој напомена дека во 27 години за прв пат имаме убиен носител на советничка листа, дека за прв пат имаме еден кандидат за градоначалник кој што седум дена е во болница со скршен череп, а треба да се натпреварува во втор круг.

-За прв пат имаме премиер кој што три години збореше дека премиерот не треба да биде политички и партиски активен 100 дена пред изборите,  а сега гледаме дека секој ден со неговите министри е дел од партиската кампања, особено со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика. За прв пат гледаме луѓе кои биле обвинети и за изборни нерегуларности и за тешки телесни повреди, одредени кражби, одредени криминали се ослободени, а дел од нив се активни на терен и прават логистика за одредени изборни нерегуларности, изјави Милошоски.

Тој кажа дека овие фактори севкупно влијаеа на изборниот резултат, но како и да е тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ има доволно и капацитет, енергија и мотивирано членство.

-Сметам дека и граѓаните стануваат посвесни за тоа кој и на каков начин владее и се однесува, за да можеме во овие неколку дена што преостануваат, во вториот круг да го подобриме резултатот, изјави Милошоски.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This