ЗА 10 КЕБАПЧИЊА ВО ЗАТВОР: Заев за поткуп од 200.000 евра слободен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За десет украдени тегли ајвар една и пол затвор, за барање поткуп од 200.000 евра ослободителна пресуда, вака може да се објасни судството во Македонија. Судијата Дарко Тодоровски го ослободи од одговорноста премиерот, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“.

Иако на снимката која беше објавена во јавност, снимка прибавена со ПИМ мерки, јасно се гледа и слуша дека премиерот Заев, тогаш во позиција на градоначалник на Струмица, бара поткуп, судијата во читањето на пресудата наведе дека не успеал да докаже дека обвинетиот Заев го сторил делото што му се ставаше товар.

На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од Судот на Заев да му се изрече осудителна пресуда, која, според законот, е од една до пет години затвор.

Инаку, пред нешто повеќе од една година, 29 годишниот Роланд Адемовски доби една и пол година затвор за украдени 10 тегли ајвар. На Адемовски, кому тогаш му се содеше во отсуство, оти беше во бегство беше прогласен за виновен за кривичното дело „тешка кражба“.

Обвинетиот  делото го сторил ноќта помеѓу 29-ти  и 30-ти ноември 2015-та година  кога насилно влегол во подрум на станбена зграда во Велес. Од просторијата украл   десет тегли ајвар и метални предмети алат за работа, во вкупна вредност од три илјади денари.

Пред две години пак, Н.С. од Крива Паланка, за кражба на осум тегли домашен ајвар и слатко, како и за три шишиња сок, во тамошниот суд, за кривичното дело тешка кражба е осуден на условна казна затвор во траење од три месеци.

Пред три години пак 33 годишниот велешанец Петре Кариманов доби три години затвор затоа  што ограбил кафеана и предизвикал штета од  6 илјади денари. Тој го признал делото „тешка кражба“кое го сторил во објект во кругот  на Автобуската станица во Велес.

Кариманов ноќта  помеѓу  13 и 14 мај 2015  година, насилно влегол од задната врата  во кафеаната и одзел што можел и што му било при рака, и колку можел да носи.

Така украл 2 литри лозова ракија,  два литри  узо, еден литар мастика, еден литар коњак, 10 лименки пиво, 150 кебапи, 20 плескавици, еден кг краставици,  два кг патлиџани, различни видови сувомесни производи еден килограм.  Дел од украдената стока ја препродал а дел сам со друштво ја искористил.

Во македонското судство има многу примери на тешки казни за мали кражби, но сега имаме и ослбоден премиер на држава, кој беше обвинет за барање поткуп, а барањето на парите го виде целата држава.

 

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This